Ловецот и верверичката

03.10.2014 10:30
Спортистот и верверичката

Волците и кучињата

„Зошто да има несогласувања меѓу нас?“, им рекле волците на овците. „Сето тоа е поради оние кавгаџиски кучиња. Отпуштете ги и ќе имаме мир.“

„Изгледа мислите“, одговориле овците, „дека е лесно да ги отпуштите кучињата. Дали секогаш ви испаѓало така?“

 

Ловецот и верверичката

Еден ловец кој ранил верверичка, која правела очајни напори да се одвлечка подалеку, трчал по неа со стап, извикувајќи:

„Кутрата! Ќе ѝ ги скратам маките.“

Во тој миг, верверичката застанала од исцрпеност, и гледајќи во својот непријател рекла:

„Не би се осмелила да се сомневам во искреноста на твоето сочувство, иако доаѓа малку доцна, но изгледа дека ти недостасува моќ на забележување. Зарем не сфати, од моите дејствија, дека најмилата желба на моето срце е да си ги продолжам маките?“

По ова изложување на неговото лицемерие, ловецот бил толку обземен од срам и грижа на совеста, што не ја удрил верверичката, туку покажувајќи му ја на кучето, си отишол замислен.

Превод: Иван Шопов
Слика: Joe Turk

ОкоБоли главаВицФото