5-годишен гениј со аутизам

06.10.2014 15:50
5-годишен гениј со аутизам

Аутизмот е слабо разбрана невролошка попреченост што може да ја намали способноста на човекот да учествува во различни видови социјална интеракција. Но малата 5-годишна Ајрис Грејс од Велика Британија е одличен пример за неочекуваната дарба што аутизмот исто така може да му ја даде на човек - нејзиниот исклучителен фокус и вниманието насочено кон деталите ѝ помогнале да создаде неверојатно убави слики што многу од нејзините обожаватели (и купувачи) ги поврзале со делата на Моне.

Малата Ајрис полека учи да зборува, додека повеќето деца обично почнуваат да изговараат барем по неколку зборови на 2-годишна возраст. Заедно со терапијата за говорот, нејзините родители полека ја поврзале со сликањето, кога го откриле нејзиниот неверојатен талент.

„Ја охрабруваме Ајрис да слика, за тоа да ѝ помогне со терапијата за говорот, за да го фокусира вниманието на тие две работи заедно. Тогаш сфативме дека таа е навистина талентирана и има неверојатна концентрација од дури два часа секогаш кога слика. Нејзиниот аутизам создаде стил на сликање кој никогаш не сум го видела кај дете на нејзина возраст, одлично ги разбира боите и нивната меѓусебна интеракција“, вели Арабела Картер-Џонсон, нејзината мајка.

„Најпрво забележав колку уметноста е ефективна кај Ајрис кога се обидов да ѝ го привлечам вниманието, цртав едноставни фигури на луѓе и измислував приказни, а таа се смееше и ми ја водеше раката за да цртам уште. Потоа ги работевме цртежите заедно“, објаснува мајката на Ајрис.

Таа додава дека кога се обидела да црта заедно со ќерката, првиот обид бил на штафелај, но не бил успешен бидејќи бојата се лизгала надолу низ хартијата, па Ајрис била многу вознемирена. Веднаш потоа се префрлиле на масата која ја користелеза цртежите. Таа веднаш го прифатила тоа и ја исполнила хартијата со боја. И така започнало сè. Мајката брзо сфатила колку ефективно е цртањето како терапија, дека ѝ го подобрува расположението и комуникацијата.

„Сликањето не беше нешто што го предложија докторите, иако би сакала да е така. Тоа е нешто што многу од медиумите го сфатија погрешно. Ајрис почна да слика бидејќи ја едуцирав дома и се обидував да го следам националниот курикулум и сликањето беше една од работите на списокот со активности што треба да ги правиме заедно.“

Кога ја прашавме што вели Ајрис за сопствените дела, мајката одговори: „Изгледа дека 'њам-њам' ѝ е омилен збор за нејзините слики. Исто така се кикоти. Обожава да гледа Анима и скока наоколу возбудена.“

Визуелната меморија на Ајрис е одлична и понекогаш ни овозможува да сфатиме дека животот сигурно е пренапорен. Сега е лесно да се сфати дека кога ќе ѝ дојде премногу од сè, ѝ треба мир и тишина.

„Нејзината уметност им ги отвора очите на луѓето за можностите во нејзиниот живот и спектарот на другите - следете ја својата „искра“ и прекрасни нешта може да се случат. Верувам во тоа дека на децата треба да им дадете шанси колку што сакаат“, заклучува мајката на ова девојче со неверојатна дарба.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото