Луѓе во кафуле разговарале меѓусебно иако сите имале мобилни телефони

06.10.2014 15:11
Луѓе во кафуле разговарале меѓусебно иако сите имале мобилни телефони

Скопје, 6 октомври 2014

Во текот на вчерашниот ден група од шест млади момчиња и девојки во едно скопско кафуле поминале повеќе од три часа во меѓусебен разговор, иако кај себе ги имале и своите мобилни телефони, дознаваат Пара вести.

Како што наведуваат очевидците кои тоа попладне се затекнале во кафулето, никој од оваа необична група во ниту еден момент не посегнал по мобилниот телефон, туку сите цело време интензивно разговарале, како да се собрале заради тоа.

Бранко Марковски, еден од гостите во кафулето, вели дека бил збунет од чудното однесување на оваа група и се обидел да им помогне.

„Ги забележав затоа што беа единствените кои разговараа. Ми беше необично бидејќи никој од нив не молчеше и не гледаше во својот мобилен телефон. Помислив дека можеби ги заборавиле телефоните па им го понудив мојот да проверат што се случува на социјалните мрежи, да се чекираат и да напишат каде се, со кого се и што прават, меѓутоа тие љубезно ме одбија и ми објаснија дека се овде за да си разговараат. Веднаш потоа на Фејсбук напишав статус за нив, а другарот со кој дојдов на пијачка го лајкуваше, искоментира и го сподели статусот“, раскажува Бранко.

Неговиот пријател Андреј вели дека не ни забележал дека луѓето разговараат сè додека не го видел статусот на Бранко на фејсбук.

„Дојдов на пијачка со Бранко бидејќи се немавме видено повеќе од два месеци и баш додека се чекирав на фејсбук го забележав неговиот статус за луѓето кои разговараат во кафулето. Брзо го споделив, па потоа на фејсбук со Бранко го коментиравме нивното однесување. Не разбирам зошто се собрале ако сакале само да разговараат“, вели Андреј.

Тој додава и дека подоцна сфатил дека познава една од девојките во групата.

„Отидов на нејзиниот профил и она што го видов ме запрепасти. Воопшто не напишала каде е, со кого е, што пие и како се чувствува“, зачудено констатира Андреј.

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

Свет / Технологија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото