Знамиња на Многудетна Македонија

09.10.2014 11:47
Знамиња на Многудетна Македонија

Инспириран од поезијата на @therealpsmst и неговата книга „Многудетна“, која на сатиричен начин ја опева опседнатоста на македонските власти со размножувањето на Македонците, македонскиот графички дизајнер Небојша Гелевски изработи серија знамиња кои на подеднакво ефектен начин го прават истото што и песните на @therealpsmst – на едноставен, но луциден начин ја исмеваат идејата за штанцање нови македонски даночни обврзници.

По првите неколку знамиња, се раѓа идејата да се изработат и илустраци за книгата „Многудетна“, па сега оваа извонредна серија брои 11 решенија за знамето на Република Многудетна Македонија.

Знамињата беа изложени на промоцијата на книгата која се одржа во Менада на 8 октомври (вторник), на која песните ги читаа Оливер Митковски и Валентин Костадиновски, а вечерта продолжи со диџеј сет на Македобој.

Инаку, пред специјалната серија со многудетни македонски знамиња, Небојша Гелевски во повеќе наврати изработи предлози за ново македонско знаме, а дел од нив можете да погледнете овде.

ОкоБоли главаВицФото