Антифашистички собир и Партизанска велосипедска тура по повод 11 октомври

10.10.2014 09:57
Антифашистички собир и Партизанска велосипедска тура по повод 11 октомври

На 11 октомври, 73 години по нападот на участокот во Прилеп, во мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје, ќе се одржи собир за да се одаде почит на партизаните кои, како што потсетува организаторот, со својата борба ја создадоа Македонија како антифашистичка, социјална и секуларна република. Целта е да се покаже дека во Македонија постојат сили кои се борат против повампирувањето на било која форма на фашизам, нацизам, шовинизам и дискриминација.

Во 13 часот ќе бидат изложени активистички плакати изработени од дизајнерите Фросина Цонева - Ивановиќ, Елена Јовановска и Небојша Гелевски - Бане, користени во акцијата за одбележување на 70 години од одржувањето на АСНОМ. Половина час потоа ќе се обрати генералот Тодор Атанасовски, по што ќе има коктел и забава на

* * *


Дали Боро Петрушевски е само АСУЦ?

Колку години имала Невена Георгиева – Дуња кога загинала?

Се чини дека најблиската историја која ни ја донела слободата и републиката најмалку ја познаваме.

По повод 11 октомври Левичарското движење „Солидарност“ ве поканува на велосипедска прошетка на девет локации во Скопје, важни за првиот партизански одред кој е формиран во Македонија – Скопскиот партизански одред. Меѓу другото, ќе бидат посетени: локацијата каде што е формиран Скопскиот партизански одред, локацијата каде што се случи една од првите две престрелки со окупаторот по окупацијата на Македонија и локацијата каде што загина Благоја Деспотовски – Шовељ во обидот да го убие шпионот Мане Мачков.

На сите девет локации се поставени спомен обележја или спомен плочи, но иако главно се на фреквентни места, обично остануваат незабележани. Причина за тоа е нивната скромна појавност наспроти визуелното загадување и мегаломанијата, поради непромовирањето во јавноста, но и поради нивното несоодветно уредување.

Сакаме да ја запознаеме пошироката јавност со борците кои беа дел од Скопскиот партизански одред. Сакаме и да ја промовираме велосипедската култура. Кое друго превозно средство може да ѝ овозможи на поголема група луѓе во краток период да помине 9 лoкации оддалечени 8,2км?

Ако немате велосипед, позајмете од некој пријател/пријателка. Од Градски паркинг нè информираа дека на 11 октомври ќе функционира пунктот за инајмување велосипеди кај Градска болница (Ургентен центар). Цената на изнајмување е 10 денари од час.

Место и време на чекање: крстосница кај Судска палата (страната кон УКИМ), 11 октомври 2014, 12ч.
Патека на движење: на овој линк.

Revolution will not be televised, revolution will not be motorized. Дојдете да се движиме и зборуваме во реални простори за реални луѓе кои се дел од нашата историја и од кои може само да се инспирираме.

Настанот на Фејсбук профилот на Солидарност можете да го најдете на следниот линк.