Почина Луканикос, кучето револуционер

10.10.2014 11:30
Почина Луканикос, кучето револуционер

Уличното куче Луканикос, кое стана познато ширум светот поради учеството на протестите против мерките за штедење кои ја тресеа Грција од 2010 до 2012 година, повеќе не е меѓу своите соборци. Најпознатиот револуционер од животинскиот свет починал на 10 години, јавува левичарскиот грчки весник Авги.

Кучето од првата линија на протестите, чие име буквално значи „колбас“, веројатно е најпрепознатливиот учесник во нередите во Атина: тоа бестрашно учествуваше во судирите на демонстрантите со полицијата и храбро го издржуваше солзавецот. Според мислењето на одредени луѓе, вдишувањето солзавец придонело за влошување на неговото здравје. За среќа, Луканикос е вдомен за време на демонстрациите во грчката престолнина, и своите последни денови ги поминал во топол дом, со луѓе кои го сакале.

За ангажманот на Луканикос на грчките протести сведчат стотици фотографии и видео снимки, кои го направија ова куче омилено ширум светот и го доведоа на листата „највлијателни лица во 2011 година“ според магазинот Тајм.

Во чест на Луканикос, претставуваме неколку негови фотографии од протестите во Атина.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото