Во избори за нови победи

11.10.14 13:13

Краткиот филм „Во избори за нови победи“ снимен 1947 година во времетраење од 11 минути говори за првите избори за народни одбори во НР Македонија, за повоената изградба, како и за културниот, просветниот и стопанскиот живот во Македонија. Филмот е снимен во црно-бела техника во производство на Филмско Скопје.

Сценариото за филмот е на Коле Чашуле, снимател е Благоја Дрнков, а монтажата е на Воислав Бјењаш -Вања. Во 1948 година Министерството за просвета на НРМ го наградува Коле Чашуле за сценариото за овој филм.

ОкоБоли главаВицФото