Католичката црква проговори за „квалитетите на хомосексуалците“

15.10.2014 03:58
Католичката црква проговори за „квалитетите на хомосексуалците“

Документот со кој се бара од свештениците и верниците да ги прифатат ,,овие луѓе‘‘ ја одржува желбата на папата Франциско да го промени начинот на кој црквата се однесува кон хомосексуалците.

,,Хомосексуалците имаат дарба и квалитети кои можат да им ги понудат на другитте‘‘, пишува во историскиот документ, кој неодамна беше објавен од страна на Ватикан. Во документот кој беше подготвуван цела недела од страна на 200 бискупи, е содржано барањето до верниците да ги прифатат хомосексуалците и да ги препознаат позитивните аспекти на истополовите врски.

Од свештениците, пак, се бара да пронајдат ,,простор на отци‘‘ за хомосексуалците, но истовремено да не ја доведуваат во прашање католичката доктрина за семејството и бракот.

И покрај тоа што со овој документ католичката црква веројатно нема да се повлече од осудата на хомосексуалноста и истополовите партнерства, тој претставува голема промена во начинот на кој се третираат хомосексуалците, имајќи предвид дека никогаш порано не се зборувало за ,,разбирање‘‘, ,,прифаќање‘‘, ,,квалитети‘‘ - кога се зборувало за луѓето со хомосексуална ориентација.

Околу овој документ ќе се расправа и на претстојниот синод на католичката црква, чија тема ќе биде семејството.

,,Хомосексуалците имаат дарба и квалитети кои можат да им ги понудат на христијанската заедница: дали сме способни да ги прифатиме овие луѓе, да им гарантираме место во нашата зедница? Тие често сакаат средба со црквата која им нуди дом, во кој се добредојдени‘‘.

Експертот за Ватикан Чон Тревис го нарече овој документ ,,земјотрес и голем пресврт за католичката црква и односот кон хомосексуалците‘‘. Тој дополнува: „Овој документ ја изразува желбата на папата Франциско да го усвои милостивиот курс за ова прашање.‘‘

Голем број учесници на собирот во Ватикан бараат од црквата во иднина да се изразува со помирлив тон во врска со хомосексуалците и да ги избегнува фразите како што е ,,суштински несредени‘‘ на кои што инсистираше претходниот папа Бенедикт.

Извор: lgbti.mk