Волкот и нојот

16.10.2014 11:40
Волкоти нојот

ВОЛКОТ И НОЈОТ

Еден волк, кој ненаситно распарчувал човек, се задавил со купче клучеви, па го замолил нојот да ја спушти главата во неговиот врат и да ги извлече, што птицата и го направила.

„Претпоставувам дека очекуваш да ти платам за оваа услуга“, рекол волкот.

„Љубезниот гест е награда сам по себе; ги изедов клучевите.“

ПОБЕДНИКОТ И ЖРТВАТА

Два петли се бореле и поразениот се извлекол и се скрил, а победникот се качил на ѕид и кукурикал на цел глас. Тоа му го привлекло вниманието на еден сокол, кој рекол:

„Види! Какво високо летање пред пад.“

Потоа се спуштил кон фалбаџиската птица и само што не ја уништил, кога петелот кој исчезнал излегол од скривалиштето, и покрај двата петли соколот бил катастрофално поразен.

Превод: Иван Шопов
Слика: Melchior de Hondecoeter

ОкоБоли главаВицФото