„Им се фрлам на мажи“: будалесто-романтичен фото проект

17.10.2014 12:54
„Им се фрлам на мажи“: будалесто-романтичен фото проект

Насловот на серијата фотографии „Им се фрлам на мажи“ на Лили МекЕлрој не може да биде побуквален. Фотографиите, направени од „партнерот“ во нејзиниот проект, ја регистрираат Лили во воздух додека им се фрла во прегратка на различни мажи, потпирајќи се на довербата дека тие сигурно ќе ја пречекаат без да падне.

Во овој фото проект МекЕлрој прикажува неверојатна храброст. Не, не спасува животи и не се бори со демони, но ризикува одбивање и јавно понижување во име на уметноста; затоа се потребн голема сила и самодоверба.

На почетокот МекЕлрој направила фотографии со професионални модели кои однапред се согласиле да учествуваат во проектот. Но открила дека одењето во бар, прашувањето физички огромен човек да учествува и да се обиде да ја фати во последен момент и информирањето на шанкерот за она што се случува пред да се фрли во воздух - дека сето тоа дава подобри фотографии.

„Во моментов делумно сум проектил а делумно будалеста романтичарка. Овие фотографии се документи за насилен гест кој едновремено е и гест на надеж, барање потврда дека можноста за врска постои. Мажите често изгледаат преплашени или барем изненадени. Мојата улога на агресор е јасна и мислам дека моите скокови ја потврдуваат основната човечка потреба за врска“, објаснува авторката на овој емотивно храбар проект.

Извор: lillymcelroy.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото