Бакнежот како протест: бакнување за ЛГБТ права

18.10.2014 13:08
Бакнежот како протест: бакнување за ЛГБТ права

Супермаркетот Сеинсбери во Брајтон стана место на собирање на бројни парови кои решиле да го кренат гласот против дискриминација на ЛГБТ лицата. Сè почнало кога две девојки се бакнале во овој супермаркет и предизвикале бурна реакција. Еден муштерија му се пожалил на обезбедувачот за овој, како што го нарекол, „одвратен чин“, по што девојките биле замолени да ја напуштат продавницата.

Сеинсбери потоа се извини поради овој инцидент, но тој веќе стигна до медиумите.

Одговорот на граѓаните на Брајтон е за секоја пофалба: стотици парови, истополови и хетеросексуални, навалиле во проблематичниот маркет и размениле бакнежи меѓу полиците на супермаркетот, за да покажат дека ЛГБТ лицата мораат да уживаат во истите права и слободи во кои секојдневно уживаат хетеросексуалците. Ова масовно бакнување во супермаркетот е проследено со звучник од кој свири песната „I kissed a girl“ нa Кети Пери.

По единствениот протест со бакнежи, побарано е од Сеинсбери да уплати 100 фунти на сметка на една хуманитарна организација која се бори против хомофобијата, што маркетот и го направил.

Подолу можете да погледнете неколку од протестните бакнежи во супермаркетот.


Извор: cbc.ca

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото