Данок на сиромаштија – во Македонија е казниво да бидеш сиромашен

21.10.2014 10:46
Данок на сиромаштија – во Македонија е казниво да бидеш сиромашен

Ако си сиромашен, немаш пари за фенси опрема за велосипедот и си возиш некој стар Рог од времето, ќе бидеш казнет со 100 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш сушална, па ја простираш испраната облека на балкон, ќе бидеш казнет со 150 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да побараш услуги од некој сервис, ќе платиш 1500-3000 евра.

Ако си сиромашен и сакаш да обезбедиш некој денар за да преживееш со ситни поправки, ќе бидеш казнет со 1500 – 3000 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш ајвар од продавница или немаш голем двор за да си пржиш ајвар (на пример, како жената на американскиот амбасадор), ќе бидеш казнет со 250 евра.

Ако си сиромашен и не можеш да ја завршиш градбата на куќата за три години, ќе бидеш казнет со 500 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да закупиш тезга на пазар и продаваш на улица, ќе бидеш казнет со 300 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари за купување жолто елече во автомобилската опрема, ќе бидеш казнет со 120 евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да се приклучиш на канализација, ќе бидеш казнет со 400 евра.

Ако си сиромашен и твоето дете користи туѓ учебник, ќе бидеш казнет за секое оштетување или губење на учебникот.

Ако си сиромашен, треба да бидеш уште посиромашен.

Ако си сиромашен, треба да бидеш уплашен и зависен.

Ако си сиромашен, треба да се радуваш ако некој ден го поминеш без казна и да му се заблагодариш на свевишниот властодржец.

Просечната месечна плата во Македонија е 350 евра, минималната плата е 140 евра, а социјалната помош е 50 евра.

Стотици илјади граѓани во Република Македонија живеат со 40 денари дневно.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Павел Капустин

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото