1025 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 05:59
Британските медиуми веќе со месеци критикуваат одредени препораки на тамошниот Институт за здравје, кој е советодавно тело на Министерството за здравство и наведуваат дека државата се претворила во „супердадилка“.
Во последниот таков случај, на училиштата им е препорачано да им помогнат на децата да ги мијат забите на почетокот на првиот училишен начс, како и на крајот од последниот, што предизвика критики во јавноста.
Меѓутоа, во последните години имаше многу слични препораки, а во оваа прилика издвојуваме неколку од оние кои наидоа на најголемо негодување во британската јавност:
-На сите би требало да им се предочи предноста од воведување ден кога нема да се гледа телевизија и максимално ќе се ограничи користењето на компјутерите. Оваа препорака беше дел од кампањата за борба против прекумерната телесна тежина во септември оваа година.
-Дебелите пациенти со дијабетес тип 2 би требало да добијат можност за вградување гастричен бајпас на државен трошок, според нацрт предлогот од месец јули. Лекарите сметаа дека проектот кој би можел да се однесува на речиси еден милион луѓе во Велика Британија е „бесмислен и прескап“.
-Според нацрт препораките од оваа година, на сите дебели пациенти треба да им се овозможи да вежбаат.
-На возачите би требало да им се наплаќаат повисоки даноци, за да бидат стимулирани почесто да пешачат, стои во предлозите од ноември 2012.
-Две години претходно предизвикана е контроверза со тоа што е препорачано сите петгодишници да добијат едукација во врска со сексот и контрацепцијата, соодветна за нивната возраст.
Извор: B92
Слика: Вил Балас