Зошто е добро да живееш во Македонија?

27.01.2010 12:28
Kopac_korica.jpg

Во Македонија законот се грижи за твоето здравје. Toj те штити од чадот на цигарите на затворено ширум земјата.

На улица, пак, издувните гасови од старите автомобили, рафинерии и топилници треба само да те потсетат колку е добро тоа што можеш да пиеш кафе или да јадеш без ентериерно да те гушат некакви чадови и смрадови. Останува да се усвои само уште еден закон кој ќе ја заокружи оваа супер-заштитничка про-етичка легислатива, а тоа е строга забрана и казни за телесните издувни гасови во затворени простории. Потребно е да се обучат специјални инспекторски тимови од нашите институции кои орно ќе ги крстосуваат домашните јавни и угостителски објекти, ќе ги регистрираат овие прекршители и ќе ги санкционираат сите оние безобразници кои си допуштаат бесправно да испуштаат.


Во Македонија (ќе) има повеќе споменици и скулптури пер капита од Велигденските острови

Македонија, здравје Боже, еден ден ќе стане престижна туристичка локација, од рангот на Велигденските острови, каде луѓето од цел свет ќе доаѓаат да се изначудуваат и восхитуваат на илјадниците споменици, скулптури и статуи распослани ширум оваа убава земја. Туристичките водичи инспирирано ќе им објаснуваат на светските добронамерници како оваа изумрена цивилизација од уста двоела, среде транзиции и светски кризи, за споменици и други скаменети творби сè со цел да стане нешто што ќе остане во времето и ќе сведочи за нејзиниот непокор спрема клетите комшии и другите белосветски клеро-фашистички душмани.


Во Македонија ќе се изгради аеродром кој за два века историчарите од земјава ќе го прогласат за најстар аеродром во светот

Откако компанијата ТАФ негде накај 2020 конечно ќе го изгради аеродромот Александар велики и легално ќе го преименува во Султан паша османлиски, домашните историчари за некои два века епохално ќе откријат дека овој аеродром всушност е најстариот аеродром на тлото на Европа изграден уште за време на турското ропство. Во прилог на тоа ќе биде откриена древна табла со натписот „Macedonia - the first wireless country in the world“ (Македонија, прва бежична земја во светот) со што аргументирано ќе биде разоткриено дека Македонија била прва земја со бежичен интернет во светот, кој бил користен уште од крајот на XIX век. Како крунски историско-археолошки доказ за постоењето на првиот аеродром ќе послужи антологиската песна на Константин Миладинов, Т'га за југ. Низ стиховите на овој гениј (Орелски крилја как да си метнех и в наши ст'рни да си прелетнех!) ќе се потврди дека не само што имало аеродром во Скопје, туку дека такви имало и во Охрид и Струга (Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам).


Македонија е социјална држава

Убаво е да се живее во Македонија. Тоа е земја која се грижи за своите граѓани со тоа што во неа функционира извонреден и напреден систем за социјална заштита и згрижување на граѓаните. Тој систем за социјална заштита е прилично уникатен и главно функционира на следниов начин: ако имате некаков проблем со финансиите и плаќањето сметки, одите во најблиската банка, менувачница или кладилница и си земате пари колку сакате. Да, си земате колку си сакате, или колку ќе се задеси да има во самата банка, кладилница или слично. Вработените таму сесрдно ќе ви ја испразнат касата и ќе ви посакаат сè најдобро. Социјалните случаи своите средства ги подигаат, наместо со картичка и лична карта, со маска и некој пластичен пиштол од нивните внучиња купен на Бит пазар. Маската служи за овие социјални случаи да не бидат стигматизирани од општеството и за да биде заштитен нивниот идентитет. Активен дел од оваа социјална програма е и полицијата која уредно доаѓа пост-фестум и се грижи обичните клиенти по банките, кладилниците и менувачниците, да не креваат многу врева, бидејќи социјалните случаи секогаш имаат предност и не чекаат ред.


Македонија е земја во која можеш да си купиш најевтина диплома во Европа

Македонија е Мека и за образованието: во неа речиси за ич пари можеш да си купиш извонредно евтина диплома за сите можни науки и специјалности. Извонредна палета дипломи, од најразлични струки, профили и анфаси, и што е уште поневеројатно, по Болоњски стандарди и по кредит трансфер систем! Навистина неверојатно! Ова кредит трансфер систем, инаку, доаѓа оттаму што родителите на студентите подигаат кредит од банка, и веднаш вршат трансфер на личните сметки на професорите и со тоа значително го катализираат образовниот процес. И додека во Америка и Британија мора да одвоите некои 20.000 долари или десетици илјади фунти за образованието на вашето дете, во Македонија тоа можете да го направите со некои „бедни“ 4-5 илјади евра. Па каде го има тоа?

Слики: Marion Peck

незнам зошто но некако се

незнам зошто но некако се чувствувам повикан на секој ваш текст да одговорам а ме јаде јанѕа дека станувам досаден ако е така молам да ми се посочи. дремејки дома на принуден одмор не можам а да не ја забележам вашата пасионирана борба за добробитта на обичниот човек, вашата загриженост за секој аспект на мојот живот ме фасцинира, вашиот придонес во градењето на слободно и отворено општество едноставно ме одржува во живот.
 Што сакаме да бидеме, држава на благосостојба или failed state?

Е наградното прашање до нашите интелектуалци. незнам дали е потребен текст после насловот но еве ќе пробам да зборувам.природно е да се одговори дека сакаме да бидеме држава на благосостојба, но зошто никој не го поставува прашањето, од едноставна причина, драги, одма ќе следува прашањето зошто не работиме на тој проект, зошто македонската “мислечка” елита не работи на проектот држава на благосостојбa туку го преферира оној другиот модел, моделот на failed state. Изборот е очигледен, но зошто до бога ние како заедница, како јавност не го гледаме тоа – мислењата се движат од теорија на заговор до недостаток на критичка маса, генерална неписменост, апатија [ можам да продолжам да редам психолошки дијагнози и социолошки обрасци до бесвест ]. мене едноставно ме интересира какви се тие карактери кои што сакаат Македонската држава да биде failed state, ме интересира нивниот внатрешен импулс, нивниот однос кон луѓето кои што се окулу нив, нивниот однос со светот, нивниот мотив мора да се наоѓа некаде помеѓу нивните карактерни црти. Ај и да поминеме и преку тоа дека постојат карактери кои што сакаат да не перцепираат како failed state зошто нема други кои што ќе објават, обзнанат да не звучи премногу наивно, дека работат на Македонија како земја на благосостојба. дали се плашиме од предизвиците или од последиците на Македонија како земја на благосостојба… јас можеби површно но сепак ги разбирам придобивките од тоа да се живее, води бизнис, глуми елита во failed state тоа е лукративен бизнис, можност за титули без заслуги, статус без работа и без постигнувања, моќ над бедните, гладните, неписмените да да на тоа се палеле, ЕУрека!

Ич да не ти чуе, у право

Ич да не ти чуе, у право си... Само не знам од каде се накотија толку пророци на пропаста. Во втора светска војна Македонија имала и колаборационисти, ама па ова не се издржуе... Или и наследниците на КПМ станаа такви? Стварно не ми е јасно...

@димитар

Навистина не разбирам и јас зошто токму ти Димитар/а извини што веднаш ги поминав границите на учтивост/постојано се појавуваш како НАЈПОВИКАН да одговориш на секој став на окно????
Хм..Чудни се патиштата човекови, а особено чудни се современиве патишта-или подобро ходници лавиринти постојки излези влезови..и можеби најчудно од се е моментот што во овој голем свет на погоре споменатите човек лесно може да се доведе во ситуација да се загуби или недај боже ЗАГЛАВИ на некој од трансферите/можеби и не по своја вина/.
И ете мене сосем логично ми се наметна мислењето дека можеби токму тоа ти се случува тебе.Несакајќи  си заглавил на една постојка и никако да продолжиш понатаму, а добро е што ете ја знаеме конечно и вистинската причина за тоа "дремејки дома на принуден одмор".
Епа драг пријателе/ете извини ја поминав и границата на блискост/штом како што велиш ти е "лагодно, дури разиграно во ригидниот свет",  слободно продолжи понатаму со патешествието и остави ни нам, оние на кои и не им е се лагодно, да продолжиме со нашата "пасионирана" борба за добробит на човештвото..
Или едноставно повели покажи ни и биди водач на преобразбата на failed state во држава на благосостојба..
The choice is yours..
 

 nice one!

 nice one!

@Димитар, ако до толку се

@Димитар, ако до толку се чувствуваш повикан, можеби треба ОКНО да ти даде простор во рубриката Став да пишуваш и ти.
@ОКНО, убаво би било да се види и поинакво мислење како објавен текст, ако веќе Димитар постојано големи коментари на содржината.

 Почекајте малце, прво

 Почекајте малце, прво Димитар мора да се конформира кон борговштината на Окно... Дајте му малце време...

Интересно четиво во секој

Интересно четиво во секој случај, а оваа шега за тоа што значи ЕКТС во слична варијанта ја кажувам одамна, гледам дека и некој друг се сетил.

"незнам зошто но некако се

"незнам зошто но некако се чувствувам повикан на секој ваш текст да одговорам а ме јаде јанѕа дека станувам досаден ако е така молам да ми се посочи." 
Да досаден си. Сите коментари ти се едно па исто. Изгледа  терминот failed state ти е лекција која неодамна си ја научил па воодушевен од сопственото спознание го фураш секаде кај што стигнеш, аплицирајќи го толку општо што човек останува да се запраша дали ти слободното време го користиш на размисла или на вртење една те иста лента. Како што погоре некој ти кажа звучиш како заглавено ЦеДе. Ништо лично. Ова само зошто сам побара да ти се каже.

Зошто е добро да живееш во Македонија

Димитар,одличен е коментарот и продолжи со објавување на твоите ставови и воопшто не си досаден,напротив,поттикнуваш причина за размислување за и онака честопати тенденциозните,евтино саркастични и еднолики текстови."Авангардата" која се фура на вакви текстови веројатно не е навикната на различни ставови,а посебно се фрустрираат,ако вашите ставови се спротивни на нивните.
Секоја индивидуа е подеднакво повикана да ги коментира ставовите на Окно.Право загарантирано во Уставот:) Кому не мус допаѓа тоа нека поднесе иницијатива до Уставен Судза промена на тоа право.Сигурно ќе добие:)

I majmunite vozat velosipedi, zarem ne?!

Сето ова што Г-динот Гелевски го проектира е дел од трагедијата и погрешната пре’стравеност na оваа “селско - интелектуалната елита“ во овој простор. Севишниот Гелевски е всушност неверојатен прагматик и мизантроп - нарциосоиден боса-нова играч со цитати. Тоа и е огромна работа во средина полна со (простите за србизмов): скороевичи и медиокритети. Воопште некој не треба да биде повикан на ваков текст - светот одамна тоне во кал - која што ни оддалеку не е слична на оваа овде ( пострашно е за многу класи отколку тоа што го живеат неговите камаради-сопартијците ). Но бидејки треба да има дежурен цитатолог постои и Гелевски. Чудесно, но изгледа дека Гелевски сосема добро плива во средина со најголем број на академици пер капито, иако ( ова е единстената револуционерна работа кај филозофов-Гелевски -тој самиот нема универзитет ). Значи каков заклучок да извадиме: Велат дека од секое дрво не бидувало флута ( кавал ) па исто и од секој неранимајко  интелектуалец. Е сега за изродите како сајд-ефект на оваа вулгарна средина... Па во оваа средина дефиницијата “Изрод“ сосема губи на значење. Овде како во во некакво алхемиско огледало сите работи се: Up side down! Токму затоа и никој од вас овде потпишаните не е во можност да му се спротистави на ценетиот Г-дин Гелевски кој што триумфира со апсурдот на лудоста на овој енвиромент од каменоломци и штрајк брејкери. И додека Г-динот Гелевски ви проектира  ултимативен либерализам и демократија тоа подразбира дека вие сте во длабок сон...  И под дејство на тешки опојни дроги. Е сега најголемиот проблем на Гелевски е како да се реши проблемот ( О’ апсурду ) на резерватот по грешка наречен: Македонија. И јас не би сакал сите жители во оваа земја да се нарекуваат македонци, секое поистоветување со нив ми е де-гуте. Но грешката е веќе направена, а Г-динот Гелевски е платен за секој напишан збор. Кој со Диаболо Цркви демек Градел - Џамии му никнувале? Ха-ха-па тој што цркви гради само со ѓаволот и е... И сега, за самиот крај од напишаното на филозофов секогаш добивам поука и поблизок сум до комунистичко-шверцерската фела. За да бидам успешен ќе прокламирам: Ух, каков текст! Но утре, никој нема да стави ништо на мојот акаунт. А Гелевски ќе си јодла ли јодла, иако не е музикален... 
 

Синко (Копач, еден копачосан

Синко (Копач, еден копачосан од село Копанце или Копаница, или можеби Копачин Дол) си заборавил уште едно нешто заради кое е добро да се живее во Македонија. Па Македонија ја има најголемата бројка на експерти по глава на жител и најголемата бројка на борци за човекови права по глава на жител и сето тоа му се удира од главата на секој жител на Македонија. Преку Тасино Чешмиче и преку КУРшумли Ан од вас експертите и борците за човекови права (кои сесрдно и великодушно го поддржуваат кршењето на основните човекови права на слобода, слобода на самосвеста и национално самоопределување, борци за промена на името на Македонија се големи експертишта на чело со гнидата Ѓероски)..... Мерсел Биљали од Арачиново ти бил граѓанин за Европска Македонија, а во неговото родно Арачиново неговите „аутктнони европски“ аљбанци не дозволуваат и после 9 години да се вратат нивните сограѓани Македонци, им ги палат обновените куќи, ги сквернават гробиштата во црквата Света Мина и пред 2-3 години го убија кутриот осумдесет годишен старец кој продаваше сточна храна и брашно, кој по народност беше Македонец! Исто така господата аљбанци што ќе се радикализирале ако не се сменело името за тие да влегле во ЕУ и НАТО (поддржувани од А1, А2, мутантите како бранко ѓероски и сл.), во најубавата снежна белина на Попова Шапка санкајќи се долу под ски-лифтот Јелак оставаат тони ѓубре од шишиња, отпадоци и кесиња од смоки, чипсови, салфети, вистинско европско однесување, само за во Европска унија! Напред ЕКСПЕРТИ заради вас е најдобро да се живее во МАКЕДОНИЈА!

 Марио, мислиш од оние

 Марио, мислиш од оние „експерти“ од типот на Гелевски, кој има проблем да одговори на наједноставни прашања?
 
И на оние „борци за човекови права“ од типот на Гелевски, кои наместо да го бранат правото за самоопределување, слобода, и автономност на своите сограѓани (и да бидат на првите борбени редови со вмровците кои они толку ги презираат), си ставаат налепница ГЕМ на газот и ја заменуваат слободата со хедонизам, а македонскиот суверенитет со ЕУдиктаназија? 
 
За тие збориш, знам... Пусто милина да ти е. Лицемери со лопати да ги ринеш. Али ме радува што лека полека им пука гранката на која седат. И упорно си ја сечат ли сечат, ја бичкаат онака. 

tekstot uspea da me

tekstot uspea da me nasmea....toa e umesnost,tragicnoto da go pravis komicno...

Секоја чест на елоквентноста

Секоја чест на елоквентноста и малку ќе претерам, ама ќе речам - конструктивноста. Сепак, ...[пауза]..., некако ми се чини дека околу мене се појавуваат се повеќе пасивни мислители и мудреци, а се помалку од нив, активно учествуваат во реализација на сопствените идеи (а камоли туѓи).
Бидете добри!
пс. Ве молам не го сфаќајте ова лично. Ова е една генерализирана форма, на моето скромно мислење, поттикната од споменатата дискусија. :)

Овој напис е цитиран од

Овој напис е цитиран од Глобал војсис онлајн во текстот

Малце само да те исправам...

Малце само да те исправам... со толку многу споменици на едно место ќе им конкурираме дури и на кинезите со нивните 10 000 глинени војници...

 @Марио, Го убиле старецот

 @Марио,
Го убиле старецот пошо овие шо се на власт или шо биле на власт, дали ВМРО или СДСМ не е битно ги заболе за обичните луѓе и за избрканите од Арачиново, дури и за оние што си ја бранеа земјата во 2001. Бараш кривец на погрешно место. 
Исто така, мислам дека е многу погрешна констатацијата дека албанците ќе се радикализирале ако не сме влезеле во НАТО/ЕУ. Зашто некој би сакал да се радикализира? Сите сме луѓе, сакаме основни услови за живот и еднаков третман во сопствената држава. Мислам дека просторот за манипулација со албанските македонци е многу мал, после 2001 и посебно после се тоа што се случи од тогаш до сега. Фурањето на такви вести може да им се препише на македонските не-новинари кои што ќе напраат се за да ти го задржат вниманието (со тоа и дигнат притисокот).
Мој совет, кој што знам дека нема да го прифатиш (но сепак): Take it easy.

ОкоБоли главаВицФото