Уште не ви е јасно дека од фашистичка власт не се бара?

27.10.2014 01:15
Уште не ви е јасно дека од фашистичка власт не се бара?

Студентите бараат, стечајците бараат, ЛГБТ заедницата бара, новинарите бараат... Добро, уште не ви е јасно дека од фашистичка власт не се бара?

Картагена беше разрушена и оваа власт мора да биде срушена. Нема што да се бара, нема што да се очекува од оваа власт освен ширење на омраза, промоција на насилство, дивеење на самовласните банди заштитени од органите на власта, казнување на секоја помисла за непослушност и несогласување, уништување на секој зачеток на поинакво мислење и став.

Картагена беше разрушена и оваа власт мора да биде срушена. Затоа што не постојат институции кои можат да ги заштитат граѓаните, не постојат судови кои го спроведуваат правото, не постои законодавен дом. Постојат само узурпатори на државата кои ја враќаат Македонија стотици години наназад и секојдневно го зголемуваат јазот меѓу нас и сиот демократски свет (каков и да е, со сите свои мани и недоследности, веќе е стотици години пред нас).

Картагена беше разрушена и оваа власт мора да биде срушена. На начин кој ќе го врати правото, ќе ја врати демократијата, ќе го врати елементарното достоинство на граѓаните.

Картагена беше разрушена и оваа власт мора да биде срушена. Затоа што се базира на страв, закани, измами, насилство, незнаење, примитивизам.

Картагена беше разрушена и време е оваа власт да биде срушена.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња