Snailpimp

27.10.14 14:04

„Snailpimp“ е проект на шведскиот уметник Стефан Сивервуд, кој се забавува декорирајќи ги куќичките на живи полжави со најразлични дизајни, од логото на МекДоналдс, Адидас и други познати брендови, цртајќи вулкани, светилници, испишувајќи слогани и разни форми, симболи, па дури и ликови од видео игри.

Освен забавната димензија, овој проект се занимава и со посериозни прашања, како што е односот на човекот кон малите и немоќни живи суштества, претворањето на сè во стока за продажба и некаков бренд, како и важноста на малите и невидливи (или едвај видливи) светови кои човекот секојдневно ги одминува.

При цртањето врз куќичките на полжавите, Сивервуд користи исклучиво нетоксични бои, испраќајќи порака за хуман третман на животните и грижа за животната средина.

Извор: www.legalassassin.com

ОкоБоли главаВицФото