Авантурите на Коко во Амстердам

10.04.2009 12:57

Како што на широката македонска јавност и’ е познато, шимпанзото Коко од пред некој ден отпатува за Амстердам. Коко во Амстердам е пратен на рехабилитација, откако му беше констатирана манична депресија.

Со Коко во Амстердам беа испратени и двајца рунтави семакедонци, шамани, своевидни духовни водачи – историчарот Празко Гузман и архи врачот господин господин господин господин господин Дедо Здепаст. Ним им беше доверена благородната мисија да го пркнат малце шимпанзото. Ник Слотер на испраќање им рече: “Како што го пркнавте идентитетот, така да ми го пркнете и мајмунот”. Коко инаку му бил омилено милениче на Ник, бидејќи нивната дружба датирала од студентските денови.

Првична грижа на Празко и Дедото беше Коко заспан да прелета од Скопје до Амстердам. За таа цел Празко на мајмунот почна да му раскажува за времето, за саатите, за Античка Македонија, за Плаошник и за Калето. Коко ништо не разбра, и само бледо гледаше, ко теле. Затоа на сцена стапи Дедо Здепаст, и почна да му пее на увце на шимпанзото стихови од светите пеења. Шимпанзото виде-не-виде, почна да се преправа дека заспал. Ко го чуле како рчи, на Гузмана и на Здепаст толку им требало – извадиле ракиичката и додека да слета авионот, веќе биле по народски кажано “фатени”. Здепаст притоа цинично му дофрлил на Гузмана: “Ах ко ти велев дека мајмуно е од Рисјанска сорта, ти не веруваше”. Празко на тоа во негов стил два пати фркнал како рис, и изразил несогласување со врачот. “Рисјанска сорта, ама глеј го сиот колку рунтав е. Ќе да е од Аргеадите.”

Кога стигнаа во Амстердам, времето беше сончево и благопријатно за прошетка. Го грабнаа Празкота и Дедото шимпанзото за рачиња, и ја започнаа обиколката на градот. Коко беше навистина изненаден од сите тие нови градби, шарени луѓе, трамваи и канали низ градот. Весело шараше со очињата наоколу и толку беше возбуден што дури и посака да ги гушне двајцата свои придружници. Ама му смрдеа на ракија, па се воздржа.

Празко, прочуен по своето сеопшто знаење и познавање на човековата историја, се обидуваше на секој ќош да им каже по нешто, те за некој музеј, те за некоја црква. Во ниту една прилика не испушти да потенцира дека тој град е прилично млад во споредба со Семакедонската цивилизација. Вели Празко: “кога овдека јадоја живо месо со раце, нашите кралеви јадоја готвено со прибор. Налет им се црквите кога пред второто илјадалетие овде љуѓе и немало.”

Дедо Здепаст, кој не е инаку многу по културата и историјата, не му обраќаше значително внимание на Празкота и неговите муабети. Напротив, тој уживаше во ветрето кое перкаше под неговата мантија, и нежно му ја милуваше рунтавата семакедонска брада. Тогаш, во далечините здогледа еден мал дуќан на кој имаше нацртано големо сочно парче месо.
“Доооо – Н – Ер... К..б...ееееее... ќебап!” - не догледуваше Дедото. “Ах машала чедо”, му рече радосно на Коко, “ајде да одиме да си поткасниме малу, да го оставиме Празко да ужива во историјата” и го завлече мајмунот кон дуќанчето. Воскликнувајќи врачот си потскокнуваше, а Коко иташе зад него мислејќи си: “ту ама е лаком дебелиов”. На патот до дуќанчето за малку не ги згази трамвај, па врачот сиот збеснат го анатемиса машиновозачот. “До седмо колено зло да те снајде, злосторнику” - ја употреби познатата клетва Дедото.

Кога дојдоа до дуќанчето, опиен од мирисот на свежо испечениот ќебап, Дедото нарача една голема порција за себе и една мала за шимпанзото. Им го дадоа донерот да го јадат во рака, фино замотан во хартија. Таман Коко жив гладен реши да гризне, беше тотално згрозен од глетката како Дедо Здепаст почна да го черечи ќебапот. Грофтајќи дедото бута ли бута, му паѓа, а тој зема со прсти, па почна сосот да му се растекува по брадата и мантијата, а тој не ни приметува, во еден момент ја гризна и хартијата, во следниот салфетката... Додека Коко да се соземе, веќе во два гриза Дедото му го изеде и неговиот донер, и додека да трепнеш, прерипа преку штандот, го кутна наземи продавачот, и почна да го гризе купот месо директно од раженот. Гризе, бута, подждригнува, џапа со раката од салатите, срка сосови со лажица, крши од лебовите... Коко, не знаејќи што да прави, се растрча наоколу барајќи го Празкота! Кај ли да го најде! “Ах што ми требаше патов...” се нервираше шимпанзото, и тогаш во еден момент го здогледа Празко Гузман како набљудува еден камен.

Му се доближи и го завлече за палтото, а Празко жив накурчен му одврати: “Ех овој камен овде е донесен од Александар. Александар бил овде. Гледај ако не веруваш”, и му го тутна каменот во рацете.

* * *

По долго натегање Коко успеа да го убеди Празко да го следи. Го одведе до дуќанчето, а кога таму што да видат. Врачот, целиот извалкан во храна, седнал во еден ќош и пиејќи вино од шише, потпевнува: “Изгрев изгрев, јасно сонце...” На Празко белата коса во еден момент му поцрне и пак му побеле, од што се избезуми. “Леле волу еден невоспитан, кај те доведовме, непрокопсанику” и почна да го крева Дедо Здепаст од земјата. Овој стана, се иждрига гласно, рече “Ејмен” и поврати. Коко, целиот испотресен, за малку не заплака. Сто пати се покаја, но си рече: “ајде, кога веќе сум овде бар да поуживам малце”.

Коко не ти е вчерашен, и знае зошто се оди во Амстердам. Дрога и жени. Бидејќи за ова второво му беше срам од придружниците, кои сепак се луѓе во години, прво изрази желба да пуши трева, па другото отом-потом. Ги однесе Празко и Дедо Здепаст до најблискиот кофи шоп и порача некој опасен сканк.

Кога Дедото виде за што се работи, се забезекна. “Пороци! Чеда! Дрогата убива! Порочноста е грев! Немојте, ве молам, пред мене душа да грешите!” Меѓутоа, никако не можеше да ги одврати од идејата. Празко веќе раздразнет од недоличното однесување на врачот му префрли: “Шо грев, Изгрев. Ти најде за грев мене?! Морееее.. Он мене грев... Нх”.

Коко смота џоинт и го запали. Повлече два три пати и му даде на Празко. Дедо Здепаст, не можејќи да ја поднесе глетката, а и прилично продрснат од големата количина ќебап, мораше да оди до тоалетот. На двајцава им рече: “Чеда, ве молам, кога ќе се вратам да заминеме. Тоа нека биде нашиот компромис.” Празко, се’ уште накурчен, му возврати: “Добро, ај оди какај, но не туку ми какај овде”. Тежок карактер да ти бил тој. Око не му трепнува.

Арно ама, врачот се забави во тоалетот со саати. Го треселе грчеви, напнат целиот, поцрвенет во очите, некако преживеа, и олеснет излезе во тоалетот. Но, во кофи шопот, кога да види - што да види. Празко целиот хиперактивен качен на маса, гол до половина мавтајќи со рацете ја изведува монодрамата “Филип Втори” од другар му Тетреб Петелковски додека околу него се собрале застонирани туристи кои го следеат неговиот перформанс во транс, а Коко во ќошот само немо гледа во некоја далечна точка...

“Орли струпести... крокотили острозаби... предавници... месото да ви го черечат... Цутник!!! Цутник бре цутник!!!” се пенавеше Гузман. “Корнохолио... царо... море царо”, крикна и без никаков повод се стрчал надвор од кофи шопот.

И додека збунетата публика да се свести, од надвор се чу само едно големо “шпљаааас”. Коко и врачот, видно исплашени, поитаа да видат што се случило. А тоа ексцентрикот Гузман скокнал во каналот! “Охохохохо! Охоооо ладна водава море, поладна од Охридо мој!”, хистерично пискаше. “Ами ладна е, кај нас Бог се симна муахахахахаааа!”, бладаше надуваниот Празко. Кога врачот и шимпанзото со помош на неколкумина минувачи успеаа да го извадат, тој ја протресе својата бела коса и му префрли на Коко: “Е мајмунска работа!”

* * *

Накиснатиот Празко, држејќи го за рака Коко, и Дедо Здепаст, ја продолжија својата прошетка низ Амстердам. Веќе било стемнето. Одеднаш пред нив се појавија многу црвени светла и редица луѓе кои се туркаа по тесните улички. “Ред Лајт Дистрикт” во себе воскликнал Коко и конечно малку бар се насмевна. “За ова сум слушал значи, ова е рајот... овде ме пратија”. И ги завлече двајцата свои придружници кон гужвата. Тој и Празко се’ уште беа надувани, ама набргу напливот тестостерон ги отрезни.

* * *

Шетајќи од излог до излог, од девојка до девојка, Коко, а богами и Празко Гузман и Дедо Здепаст, полека почнаа да се вознемируваат. Црни, плави, од сите краеви на светот... им се насмевнуваа и ги повикуваа да влезат... “Ах блудници”, велеше Дедото. “Ами така им е ко не си знаат корените. Ние Семакедонците си знајме корењата и зато не ни треби ова”, се надоврза Гузман. Коко веќе не ги ни следеше што зборуваат, туку само цупкаше наоколу како да се работи за банана. “Ај море Коко бирај веќе една” го молеше Празко, додека врачот само подмрчуваше: “Ајде, не е човек, може да огреши душа...”

По неколкуминутно кошкање со останатите туристи, Коко го заплесна сина светлина. До неонката стоеше една прекрасна исончана Полинезијка, со преубаво лице, големи гради и истакната мускулна дефиниција. Кога Коко почна да тропка по стаклото, таа ја подотвори вратата и почна да му се смешка и да го заведува.. “За 50 евра има да те излудам”, му шепна. “Аман бре Коко кај ја најде оваа немакедоноидка бре” му дофрли Здепаст. “Ти мори од Аргеадите не си?” ја запраша Празко. “Не, јас сум Хавајка”, смешкајќи се одговори Полинезијката. “Леле Коко, кај ја најде негридка”, испотресен реагираше Здепаст, а Гузман го пресече: “Не е бре негридка, монголоидка е, глеј ја на шо личи”. “Е како бре монголоидка глеј шо ѓупка е”, рекол Здепаст. “Ти мори негридка си?”, ја прашал.

Полинезијката веќе го изгубила трпението и на прашањето само го завлекла Здепаст внатре. “Тоа ќе мора сам да го утврдиш”, му рекла. “Леле аман не ме давајте”, пиштел Дедото во самоодбрана. На Коко и Празко ситуацијата им била забавна па само му одмогнале, оставајќи го сам кај Полинезијката. Таа само ја повлекла завесата, и веќе на врачот глас не му се чул. Коко и Празко се погледнаа меѓу себе прашално, и решија дека најарно ќе биде да запалат уште еден џоинт додека Дедото да излезе.

* * *

“Леле Празко ѓаолицааааа”, пискаше Здепаст додека гол само со брада и капа истрча од кај Полинезијката. “Леле Празко што куриште имааааа, помагај”, врискаше и пројури низ Ред Лајт Дистрикт без трага да му се знае. А Гузман мртов ладен, пафкајќи џоинт само измудрува: “Море, не е тоа ѓаолица, тоа е трансексуалец. Роден маж шо станал жена. Ами така им е ко не си ги знат корењата, после те машко е те женско е” - мудро заклучи, додека Коко почна да се валка од смеење.

Тука на Дедо Здепаст му изгубиле секаков траг. Толку застонирале, што не се ни сеќаваа да раскажат што понатаму се случило. Од друга страна, некој ми кажа дека Дедо Здепаст, трчајќи наоколу, стасал до самиот центар на Ред Лајт Дистрикт каде што се наоѓа Старата Црква. Кога го видел тоа здание, одма му дошла идеа да гради црква насред Скопје. Мислел дека Бог му ја дал Старата Црква за да си го скрие срамот насред Амстердам. Па така, по некоја аналогија, црквата во Скопје би му помогнала да си го скрие срамот дома.

Како и да е, мајмунот Полинезијка не добил, ама бар се излечил од депресија, кога видел какви се не рунтавштини од Семакедонци на светот постојат. А Празко Гузман, жив разочаран, ко си дојде дома само рече: “Шоќетие Амстердам, ако не си ги знајш корењата!” и извади од шкафот некој магичен корен од некое растение, кој наводно ако го пушиш предизвикувал халуцинации, као нешто Антички Македонии или слично.

aaaaa

прееедобро:)))) ова е крајно хилариусно ме внесе во 5та 6та 9та димензија, едвај ќе ме састављаат после у грацка. .;)))

ОкоБоли главаВицФото