Коцката е фрлена

29.10.2014 10:51
Коцката е фрлена

За да може вистински да се вреднуваат градбите од проектот „Скопје 2014“, неговите творци тврдеа дека мора да помине извесно време, да се направи дистанца без која оценувањето е многу пристрасно, накратко - треба јавноста да се поврати од големиот културен шок што ѝ го приреди во центарот на метрополата.

Се покажа дека проценката била точна. Откако се смири од еуфоријата, власта – и централната и градската – почна на овие дела да им посветува толку внимание, колку што навистина заслужуваат. Таа две години мирно (од дистанца) гледаше колку е понижувачки и опасно не само по добриот вкус, туку и по елементарното физичко здравје да се помине под триумфалната капија. Сите што од разни причини ја заобиколуваа во широк лак можеа да се чувствуваат како победници. Оние, пак, кои по сила на приликите немале избор и се нашле под најбесмисленото од сите апсурдни зданија наречено „Порта Македонија“ во истиот момент стануваа губитници. Ваквиот однос на власта, за среќа, не го зголеми многу приливот на пациенти на костозглобно. Единствена и најголема жртва, всушност, беше Портата: триумфот на бедата се гледаше на секое парче од искршениот плочник. Конечно, надлежните го решија проблемот: наместо нов плочник – како што ветија - под скапата градба турија евтин асфалт.

На сите ќе им дојде редот, зашто времето работи за „Скопје 2014“.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото