Големи проекти, мала нација

30.10.2014 02:46
Големи проекти, мала нација

Изградбата на панорамското тркало, кое ќе се постави на нефункционален мост, ќе ја збрише градската плажа под Музејот на ВМРО, која никогаш и не ја исполни функцијата. Беше отворена во 2011 година во присуство на премиерот Никола Груевски, а инвестицијата чинеше 9 милиони денари. Угостителите, свесни дека не е популарна, одбиваа да се вклучат во овој бизнис со градската власт, па таа имаше тешкотии во обидите да најде концесионери што ќе стопанисуваат со шанковите. На тие маки им дојде крајот - градоначалникот Коце Трајановски најави дека градската плажа ќе биде аут во наредните три години поради изградбата на панорамското тркало.

Толку траат проектите на оваа власт, краткотрајни се, минливи, непопуларни и нeуспешни. Како и сѐ друго поврзано со „Скопје 2014“, и ова се доживува како дебакл, кој предизвикува омраза, гнев и негодување. Но, стариот дебакл се покрива со нов - инвестицијата од неколку милиони денари се уништува со нова и непотребна од 18,4 милиони евра за панорамското тркало. На толку мал простор во центарот на Скопје нема место за толку големи визии и мегаломански проекти на власта од ВМРО-ДПМНЕ. Преродбата се гази самата себе, ги прегазува своите дела зашто само цупка во место. Патем, веќе се редат слоеви историја. Археолозите би можеле, еден ден, под мостот на панорамското тркало да откопуваат остатоци од некогашната градска плажа, кои ќе сведочат за отуѓеноста на власта од граѓаните.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото