Светла, камера, акција!

28.01.2010 13:47
hugh laurie.jpg

Ви ги претставуваме најдобрите негови дела.

Хју Лори

1. Ти си посветен татко кој, заедно со сопругата, сте седнале на вечера со 15-годишната ќерка која ви соопштува дека е бремена. 2. Ти си моден дизајнер на самиот почеток од твоето големо шоу кој сфаќа дека ништо од колекцијата не е подготвено или фабулозно. 3. Ти си помпезен член на британскиот парламент чиј говор се пренесува преку Би Би Си, и си возбуден од тоа како ти звучи сопствениот глас.

Чарлс С. Датон

Ти си: 1. Продавач кој се вратил од далечен пат и кој е пречекан од сопругата на одреден интимен начин. 2. Ситен бизнисмен кој само што сфатил дека твојот зет ти крадел од заработката. 3. Зависник од коцкање, заглавен длабоко во долгови кај безмилосен лихвар, кој го бодри својот коњ да го помине водечкиот коњ на коњските трки.

Ричард Драјфус

Ти реагираш на еден многу безобразен виц.

Дон Чидл

Ти си маж во бар: 1. Слушаш како друг маж му раскажува на својот пријател за твојата жена. 2. Сфаќаш дека разговорот, всушност, е за твојата снаа.

Патрик Стјуарт

Ти си: 1.Маж кој ги слуша сопругата и ќерката како се расправаат за време на вечерата за Денот на благодарноста. 2. Средовечен сметководител кому од убавата колешка му е кажано дека е „неверојатно секси“. 3. Советник во одборот на некоја компанија кој знае дека одборот ќе го одобри твојот предлог за зголемување на вашите плати. 4. Сопственик на ресторан кој се соочува со двајца изнудувачи: „Доста ви е, крвопијни копилиња, ниту денар повеќе!“

Алан Камингс

Ти си: 1. 4-годишник кој го ослободува домашното милениче од неговиот кафез. 2. 4-годишник кој ја замолчува мајка си поради нејзините бесни реакции откако птицата одлетува од отворениот прозорец. 3. Маж кој го замолува својот партнер да дојде со него во посета на родителите. 4. Изневерен маж.

Чарлс Дурнинг

Ти си пензиониран полицаец на кој само што му беше кажано: „Еби се, стари!“ од неколку маалски мангупи.

Елен Барстин

Ти си: 1. Педесет и нештогодишна ветеранка во менаџерството кој сфатил дека здружувањето на компанијата со друга ќе те чини работното место. 2. Професорка по драма во средно училиште која го гледа доделувањето на Оскарите, слушајќи дека твоето име е споменато од добитникот на Оскар. 3. Презрена жена.

Бил Пулман

Ти си глумец: 1. Кој слушнал од агентот дека по недели телефонски повици и аудиции си ја добил улогата. 2. Кој следниот ден слушнал дека режисерот се премислил и бара некој друг за улогата.

Наташа Ричардсон

Ти си: 1. Жена кој почнува за се запрашува дали мажот со кој излегува веќе една година почнува да ја развлекува врската. 2. Поранешна чудачка од одделение, сега рок ѕвезда, во својата лимузина, на пат кон средбата со средношколските другари. 3. Компјутерски махер кој штотуку влегол во документите на професорот по англиски и си ставил петка.

Џои Мантења

„Кај кур се парите!“

Роберт Вон

Ти си: 1. Педијатар со весел петгодишен пациент кој има рак и кој измислува интригантна бајка. 2. Постар сенатор кој држи говор за славата на американскиот начин на живот.

Рози Перез

Ти си: 1.Жена која разговара со другарката за мажи. 2. Млада тинејџерка која здогледува како љубовта на нејзиниот живот се бакнува со друга девојка.

Вупи Голдберг

1. Ти си покорна сопруга на харизматичен телевангелист, и само што си дознала дека машка проститутка набрзо ќе истапи во јавноста со соопштение за петгодишната врска со твојот сопруг. 2. Ти си неверојатно богата управничка која го поздравува вратарот – кому никогаш не даваш напојница – со „Среќен Божиќ“. 3. Ти си Барбара Волтерс која интервјуира неодамна разведена глумица за нејзиниот последен филм, и која ненадејно ја прекинува со прашањето: „Дали повеќе те болеше тоа што те напушти поради помлада жена?“.

Џон Гудман

1. Ти си шутрак кој флертува со мажоретка, несвесен дека немаш шанси. 2. Си заминуваш од болницата каде престојува твојата сопруга; ова е првата посета кога таа не те препознава. 3. Ти си тренер по кошарка во колеџ, кој му вика на судијата, знаејќи дека ако те избркаат од терен, твојот шеф ќе го смета тоа за успех.

Клои Севињи

1. Ти си хиперкинетична осумгодишна кралица на драмата на нејзината роденденска забава која слушнала дека кловнот само што пристигнал. 2. Ти си мајка на седумгодишна балерина која ја гледа нејзината слатка несовршена пируета. 3. Ти си средношколка чии родители се на работа и која само што за првпат треба да имаш секс со своето момче, кога сестра ти влетува во собата.

Мајкл Даглас

1. Ти си маж чија ќерка се води како исчезната веќе два месеца. Полицијата те повикала да го препознаеш телото на млада жртва на убиство. Чаршафот се истргнува... и жртвата не е твојата ќерка. 2. Ти си момче на откачен карневал, кое гледа како еден издупчен изведувач јаде живи бубашваби. 3. Ти си 14-годишна девојка која штотуку ја отворила вратата од собата на 18-годишната сестра и ја фатила како има секс со момчето.

Џон Малкович

1. Ти си генијален глумец, нов во Холивуд. Твојот агент само што ти телефонирал да ти каже дека си избран за улога во голем филм... како предмет на љубов на Џорџ Клуни. 2. Ти си градежен работник кој руча со колегите на улица и кој и’ довикува на жената што поминува: „Еј, маче, сакаш да видиш што имам во кутијата за храна?“. 3. Ти си просечен дилер на дрога кој му должи исплата на Големиот Бос, и кој штотуку ја слушнал веста од своите улични потрчковци дека го изгубиле пакетот со кокаин во „некој налет на силен ветер“.

Мартин Ландау

1. Гледаш престрелка во твоето тивко маало во Бруклин. 2. Го слушаш говорот во чест на твојата 50-годишнина од свадбата.

Мајкл Империоли

1. Ти велат дека мораш да закажеш сервис во продавницата за компјутери, а ти одговараш: „Види, не треба да си проклет научник за да сфатиш дека машинава е расипана!“. 2. Ти си татко од Багдад чиј син е опколен од американски војници откако случајно му пукнала фудбалската топка – и викаш: „Не! Не пукајте! Тој е дете!“. 3. Ти си последниот во редот автомобили заглавени во сообраќај, и кој му вели на нервозниот возач пред себе: „Полека, полека!“.

Џон Легуизамо

1.Ти си заложник во пустински затворенички камп кој слуша како го измачуваат неговиот пријател во соседната просторија, и кој знае дека е следниот. 2. Ти си 4-годишно дете во нов забавен парк со диносауруси кое гледа во вратот на 30 метри високиот бронтосаурус. 3. Ти си зависник од хероин кој го моли дилерот да му даде еден фикс, ветувајќи дека ќе му платиш подоцна, стварно.

Џеф Голдблум

1. Ти си 14-годишен син на самохрана мајка, кој се искрадува откако мајката почнува да му раскажува за размножувањето на „пчелите и птиците“. 2. Ти си на дипломирањето на својата ќерка, и нејзините убави соученички ти велат: „Господине Лефковиц, нема шанси да имате 58 години – па вие сте многу кул!“. 3. Ти си најдобриот од средношколските ученици кој само што е претставен дека ќе одржи говор за својот млад живот пред сите соученици – и чиј мозок целосно е блокиран.


Извор: vanityfair.com

 Интересно. Би можело да се

 Интересно. Би можело да се направи нешто слично и кај нас? :)

outdated. но во ред, боље

outdated. но во ред, боље икад него никад.

ОкоБоли главаВицФото