
Сејт паркот Ром во источен Лондон стана првиот ваков парк во Европа кој се најде на листата на културно наследство. Таква одлука донесе британската влада, сметајќи дека неговите бетонски рампи и другите елементи се од национален интерес и заслужуваат да бидат заштитени.
Овој скејт парк е отворен 1978 годна со популаризацијата на скејтерството во Велика Британија. Осмислен е според примерот на ваквите паркови во Калифорнија, а се простира на површина од 8.000 квадратни метри долж реката Ром, во квартот Хорнчрч.
Ром и денес го посетуваат не само љубителите на скејтбордот, туку и возачите на BMX велосипедите и скутерите. Тоа е втор скејт парк во светот, покрај Bro Bowl во Тампа, Флорида, кој се најде на листа на културно наследство.
„Скејтерството е повеќе од спорт: тоа е култ ширум светот“, изјави Роџер Баудлер, претставник на Комисијата за историски градби и споменици на Англија, кој додаде дека тоа што паркот се најде на листата на заштитени објекти му дава посебен карактер на културното наследство во Велика Британија.
„Паркот Ром е најдобар пример на овој аспект од културата на младите и исклучително ни е драго што ќе биде заштитен на овој начин за идните генерации“, истакна тој.
Hog Roll 2014 from Monkeyglove on Vimeo.
Извор: BBC