Герилско полнење дупки

01.11.14 13:14

Американскиот уметник Џим Бејкор кој живее и работи во Чикаго, решил преку своите креативни интервенции да се справи со проблемот на дупките на улиците, истовремено поттикнувајќи ги градските власти да работат повеќе на решавање на овој пролем.

Во дупките на улиците на Чикаго, Бејкор ги поставува своите цветни мозаици, со кои испраќа силна порака до граѓаните, властите, но истовремено го разубавува јавниот простор. За жал, поради големиот број автомобили и потешки возила кои минуваат по улиците, мозаиците не траат баш долго. Но, за среќа, Бејкор ги фотографира локациите и ја запишува адресата на која ги поставува своите мозаици.

Извор: bachor.com

ОкоБоли главаВицФото