За триесеттиот роденден од блиските добила 20 прашања „кога ќе се омажиш?“

01.11.2014 14:43
За триесеттиот роденден од блиските добила 20 прашања „кога ќе се омажиш?“

Скопје, 1 ноември 2014

Елена Цветанова, наставничка од Скопје, неодамна го прославила својот триесетти роденден, а од роднините тој ден добила дваесет прашања „кога ќе се омажиш?“

„Штом станав, мајка ми ми го честиташе роденденот, ми даде подарок, а со првото утринско кафе лежерно ме праша кога ќе се омажам. Некако веднаш потоа почна да ѕвони телефонот, ми се јавија тетките, вујните и останатите роднини. Сите ми посакаа многу успех и среќа во животот, а потоа го споменуваа прашањето за мојата мажачка. Според мојата евиденција, имаше вкупно дваесет такви прашања“, вели таа.

Многубројните роднини кое се јавиле кај Елена за да ѝ го честитаат роденденот го поставувале ова прашање сосема спонтано, без претходно договарање и така покажале дека сè уште ги негуваат традиционалните вредности.

„Слушнав дека Елена од сите членови на семејството го добила прашањето 'кога ќе се омажиш' за роденден. Тоа е македонска традиција која мораме да ја негуваме и драго ми е кога гледам дека и нашето семејство сè уште се придржува до неа. Секоја жена која немажена ќе ја дочека триесеттата година се сретнува со тоа прашање, а истото потоа се повторува за секој следен роденден и на секој семеен собир и тоа трае сè до нејзиното конечно мажење“, ни објасни Вера, тетка ѝ на Елена.

Елена е прилично збунета бидејќи не знаела за овој традиционален обичај, а изгледа дека сево ова прилично ја истошти, бидејќи ни ја спушти слушалката кога на крајот од разговорот ѝ го поставивме прашањето „а навистина, кога ќе се омажиш?“

Извор: www.njuz.net