Прашања за казнената политика на власта

03.11.2014 02:08
Прашања за македонската казнена политика

Пишувам докторска дисертација за феноменот на казнената политика, па ги молам пријателите што нешто знаат да ме известат за следниве прашања:

1. Колкави се казните за одговорните луѓе, вклучувајќи го тука и премиерот, кога ќе се покаже дека државата не е способна или не сака да организира попис?!

2. Колкави се казните за владата и за премиерот ако не се остваруваат клучните национални приоритети: членство во ЕУ и во НАТО, мир и благосостојба на граѓаните, еднаквост пред законите и економски прогрес според документите и нуждите?!

3. Колкави се казните ако владата и премиерот во разумен рок, кој помина уште пред седум години, не го решат прашањето на името?!

4. Колкави се казните за министерот за финансии кога поради помали или поголеми промашувања ќе ги малтретира општеството и државата со ребаланси?!

5. Колкави се казните за измените на законите што мора да се вршат поради тоа што законодавецот и иницијаторот не ги усогласиле со животот?!

6. Колкави се казните за судиите чии пресуди ќе ги укине или на друг начин ќе ги ревидира повисоката инстанца?!

7. Колкави се казните за деканите, ректорите и професорите кои се потпишуваат под високото образование на сè поголем број морони?!

8. Колкави се казните за терoристичкиот напад врз Скопје со помош на тони бетони и бронзи обликувани во огромни купишта одвратности?!

9. Колкави се казните за уривањето на уставниот поредок на државата, за узурпациите и растурањето на институциите и на самата држава?!

10. Колкави се казните за Здружување на група луѓе во Злосторничко здружение за спроведување на Злосторнички потфат против народот и државата преку културна алиенација, смена на идентитетот, економско исцрпување, историско десубјективизирање, меѓународна деградација и пљачка?!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото