NECLUMI

03.11.14 12:32

Додека многу модни компании се фокусираат на накит и украси изработени со висока технологија, меѓу кои има паметни часовници и алки кои го проверуваат здравјето, варшавската група за дизајн на нови медиуми panGenerator има сосема поинаков пристап. Во обид да ја проектираат „можната иднина на накитот“, од panGenerator го создадоа NECLUMI, кој го нарекуваат „првиот интерактивен ѓердан кој се базира на проекција“.

Ова парче накит функционира преку посебна апликација за iPhone која е поврзана со HDMI кабел со минијатурен проектор закачен на градите на оној кој го носи. Како што може да се види на видеото подолу, корисникот на NECLUMI може да одбере неколку модели за проектирање, сите интерактивни. Некој модел на NECLUMI реагира на брзината на одење на корисникот, некоj на ротирањето на корисникот, а друг ја прилагодува својата проекција во зависност од тонот, начинот и интензитетот на кој зборува лицето кое го носи ѓерданот.

Извор: thecreatorsproject.vice.com