Израел: Архитектура на насилството

05.11.2014 10:58
Архитектура на насилството

Патувајќи низ Западниот брег и долж ѕидот кој Палестинците го нарекуваат ѕид на апартхејдот, а го одвојува Израел од Западниот брег, израелскиот архитект Ејал Вајзман покажува дека архитектурата е клучна во израелската окупација на Палестина.

„Архитектурата и изградената околина се вид на бавно насилство. Окупацијата создаде околина која ја задушува палестинската заедница, селата и градовите, со намера да се создаде опкружување кое е невозможно за живот за тамошните луѓе“, вели Вајзман.

Локалните Израелци и Палестинци објаснуваат какво е чувството да се живее во околина каде сè, од ѕидовите до патиштата, од терасата до канализацијата, од засолништата до системот за надзор, е проектирано за да обезбеди раздвојување на два народа, истовремено одржувајќи висок степен на контрола.

Работата на Вајзман лежи помеѓу архитектурата, политиката, насилството, конфликтот и човековите права. Како израелски архитект кој се спротивставува на окупацијата на Западниот брег и појасот Газа, многу рано во својата кариера почувствувал каде греши израелскиот архитектонски естаблишмент и бил присилен да бара алтернативни начини за изградба на згради.

Самото занимавање со „архитектурата на окупација“ го довело Вајзман до разбирање на улогата на струката во современото урбано војување. За време на посетата на Наблус и Јенин објсанува дека израелската војска прва развила нов вид урбано војување, и тоа токму преку подобро разбирање на архитектурата.

Но, Вајзман нашол начин архитектурата да се спротивстави на тоа. Во својот последен проект, Forensic Architecture, се занимава со зачувување на градбите на настраданите во војната како доказ кој ќе може да се употреби против државата при истрага за воени злосторства, со помош на иновативни архитектонски и визуелни технологии.

Во продолжение можете да го погледнете филмот кој го сними Ана Наоми де Соуса, која вели дека филмот може да се користи за да интерпретирање, спротивставување и протест против израелската окупација на Западниот брег и Газа.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото