Акико Кобајакава

05.11.14 14:18

Акико Кобајакава е младa јапонска уметница која живее и работи во Токио. Нејзините деликатни слики ги црта со водени бои и јапонско суми мастило. Чест мотив на сликите се животните, цветовите и пејзажите со благо надреални елементи кои се помешани во речиси секое дело. Во последната серија „животински слики“, Кобајакава го користи спојот на необичното и бизарното, комбинирајќи ги телата на животните со долгите, привлечни женски нозе.

„Она што го цртам е нешто што се менува, нешто несовршено и уникатно. Ги цртам нештата што секојдневно ги среќавам во секојдневниот живот и природата“, вели авторката за своите дела.

Извор: akikobaworks.blogspot.jp