1029 hPa
86 %
-1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 06:59
ЛИСИЦАТА И ГРОЗЈЕТО
Една лисица, гледајќи кисело грозје кое виси на неколку сантиметри од нејзиниот нос, не сакала да признае дека постои нешто што не би изела, па свечено изјавила дека грозјето не ѝ е на дофат.
МАЧКАТА И КРАЛОТ
Една мачка го гледала кралот, како што гласи пословицата*.
„Па“, рекол монархот, гледајќи го нејзиното испитување на личноста на кралот, „како ти се допаѓам?“
„Можам да си замислам крал кој повеќе ќе ми се допаѓа“, рекла мачката.
„На пример?“
„Кралот на глувците.“
Суверенот бил толку задоволен од духовитоста на одговорот, што ѝ дозволил да му ги ископа очите на премиерот.
___________________________________________________________
*„Мачката може да го гледа кралот“ - идиом; никој не е толку важен за да не може да биде гледан од обичен човек; секој има право да се интересира за важни нешта;
Превод: Иван Шопов
Слика: Shakila Malavige