1033 hPa
42 %

7 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 09:59
Здружението на граѓани Про Либерти го издаде зборникот текстови „Што да се прави – за повторно освојување на слободата“, во кој се собрани излагањата на истимената трибина која се одржа на 3 јули 2014 година.
Организаторите на трибината пред неа замислија високо поставени цели: во општествено-политичкиот миг кога Македонија го достигна дното (sic) во повеќегодишниот регрес на демократските процеси и на системско суспендирање на уставниот поредок и граѓанските слободи и права, да понуди слободномислечки идеи за изнаоѓање форми на граѓански отпор против исчезнувањето на македонскиот демократски проект.
Посакувана цел од трибината беше да се понудат елементи од коишто ќе произлезат стратегии на политичката и граѓанската борба за повторното освојување на слободата, демократијата и цивилноста на нашето општество.
На трибината која се одржа на година во Скопје јавно говореа повеќе од 30 истакнати интелектуалци, новинари и активисти од невладиниот сектор, а овој Зборник содржи 18 текстуални прилози и есеи во кои се документирани политичките размисли на учесниците, нивните анализи и идеи за формите на политичката борба за повторно востановување на слободата и демократијата. Во зборникот ќе можете да ги прочитате текстовите на: Љубомир Д. Фрчкоски, Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев, Брако Тричковски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска, Елена Михајлова, Никола Гелевски, Ерол Ризаов, Бојан Иванов, Златко Теодосиевски, Бранко Героски, Мерсел Биљали, Дане Талески, Рамадан Рамадани, Марјан Забрчанец, Кочо Андоновски и Џељо Хоџиќ.
Книгата е достапна за бесплатно преземање на линкот подолу.
Прилог | Големина |
---|---|
Преземи | 544.38 KB |