Винтиџ сликовници: Cannonball Simp од Џон Барнингем

14.11.2014 08:17
Cannonball Simp - сликовница на Џон Барнингем

Џон Барнингем (1936) е англиски илустратор на книги за деца и автор на голем број сликовници. Живее во северен Лондон со својата сопруга Хелен Оксенбери, која исто така е илустраторка.

Неговата афирмација како илустратор на книги за деца започнува уште во 1960-тите, кога во 1963 година ја добива наградата Kate Greenaway Medal за најдобра илустрирана детска книга. Истата награда ја добива и во 1970 година; првиот медал го добива за книгата „Борка: Авантурите на една гуска без пердуви“, а вториот за „Излегувањето на господин Гампи“.

И покрај возраста, Барнингем останува творечки активен. Во 2012 и 2014 година тој беше еден од шесте финалисти на биеналето на Hans Christian Andersen Award, највисокото признание во светот за автори на книги за деца.

Пред извесно време на Окно го претставивме Барнингем со сликовницата „Mr Gumpy’s Outing“, а во оваа прилика ги претставуваме илустрациите од сликовницата „Cannonball Simp“, објавена 1961 година.

Извор: www.fairyroom.ru