1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 16:00
„Кинескиот кварт“ е серија фотографии на американскиот фотограф Бад Глик која нè враќа во 1980-тите години на минатиот век, давајќи ни увид во тоа како изгледал некогаш овој познат кварт во Њујорк.
Глик вели дека со фотоапаратот се обидел да ја дофати трансформацијата која се одвивала во Кинескиот кварт во тие години, менувајќи се од заедница во која мнозинството било составено од претежно стари лица и мажи - благодарение на дискриминаторските имиграциски закони - во заедница на нова генерација млади семејства од Азија.
Неговите фотографии настанати помеѓу 1981 и 1984 година денес се наоѓаат во Музејот на Кинезите во Америка, бидејќи успеале да го забележат духот на едно време и на една специфична заедница имигранти во САД.
Подолу претставуваме избор од серијата фотографии на Глик.
Извор: budglickphoto.com