Враќање на споменикот

17.11.14 14:11

На 15 ноември 2014, група граѓани, можеби инспирирани од ветувањето на градоначалникот Коце Трајановски дека ќе го врати исчезнатиот споменик на десетмината стрелани скопјани на 13 ноември 1944 година, поставија импровизиран картонски споменик на истото место каде што се наоѓаше некогашниот споменик (на крајот на Камени мост, на десната страна - гледано од центар - на сегашниот плоштад Карпошово востание). Уште истиот ден, многу брзо по поставувањето, картонскиот споменик беше отстранет, на ист начин како и гранитниот пред него. Очигледно во Македонија под чизмата на ДПМНЕ дојде време кога се криминализирани партизанството и сеќавањето на оние кои го дале животот за земјава!

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото