За жал, пред да ги видам фотографииве, бев убеден дека се работи за млади луѓе со визии. Сега сум убеден дека се работи за инструирани дечиња и партиски активисти.
„Солун е Ваш, Скопје е Наше“ - политичка парола - делба на „Ваши и Наши“
„Педери у душа“ - Лицемерие до крај. Истите луѓе излегуваат на ТВ да го критикуваат законот за недискриминација - оти не биле спомнати „педерите“
„Ние сме од Скопје“ - да сте живи и здрави. Ние сме „провинцијалци“ од Македонија, за чија несреќа, комунистите го избраа Скопје за главен град (за да им е поблиску Белград).
„Јас не сум проект на Владата“ - точно. Плоштадот е еден од проектите, „фала Богу“. Онаа нива со плочки која е неспоредлива со ниту еден плоштад во посакуваната ни Европа - треба да се промени. Виена е „прекрасна“ заради Хабсбурговци на коњи, а нашите историски личности имаат плочки - заради тоа што „сега не е време“ (а кога е?)
За крај едно нејасно прашање. Како тоа, бруцоши кои првпат гледаат хамер - ги оценуваа уметниците со 20-30 години искуство? Врз основа на кој критериум? Оти се попаметни? Оти имаат подобар сенс за уметност? Или затоа што некој професор (кој по игра на случајот е партиска перјаница) им рекол така?
Е деца, деца... Некогаш, кога ќе ги седнете некогаш пред спомениците своите внуци - речете им: „многу бев млад и глупав - и дозволив да ме влечат за нос. Протестирав против култура! Оние кои ми ја дале слободата ги нарекував „неважни мртовци, кон кои нема потреба од почит“, а нивните споменици го правеа мојот град „некропола“
Слични содржини
Општество / Активизам / Фотографија / Култура / Музика
Нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесува натпреварите од Светското фудбалско првенство
Сè започна пред 52 години. Тогашната Телевизија Скопје во рамките на ЈРТ започна да ги коментира натпреварите на светските фудбалски првенства на македонски јазик. Од Минхен 1974 до Катар 2022. Некои на лице место, некои во студиото во Скопје.
Беше 13 јуни 1974 година, кога заедно со колегата Иван Мировски се јавивме од олимпискиот стадион во Минхен од натпреварот Бразил-Југославија. Се сеќавам и на специјалната пратка од генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Македонија, Симеон Балвански до селекторот на југословенската фудбалска репрезентација Миљан Миљаниќ — 30 одбрани македонски лути пиперки.
Ќе биде запаметено дека нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесува натпреварите од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада. Тоа се случи во времето на најдолговечниот генерален директор на МРТВ, Марјан Цветковски, кој сега се сели во нова удобна фотелја, прв државен човек на проектот „Скопје 2028 — културна престолнина на Европа“.
Алек Букарски во „#Антианархистички манифест“ низ тринаесет фрагментарни, автобиографски и алегориски текстови ја испишува мапата на личните и општествените противречности на современа Македонија. Меѓу анархизмот и припадноста, провинцијата и главниот град, интимното и политичкото, оваа книга е немирен запис за осаменоста, идентитетот и потрагата по слобода.
Плоштад „слобода“
Испратено на 13 мај 2010 од Методија АнѓелкоскиЗа жал, пред да ги видам фотографииве, бев убеден дека се работи за млади луѓе со визии. Сега сум убеден дека се работи за инструирани дечиња и партиски активисти.