1012 hPa
49 %

19 °C
Скопје - Пон, 21.04.2025 21:59
Скопје, 18 ноември 2014
Претседателот на СПУКМ Кирил Спироски изјави дека вчерашниот масовен студентски протест е избрзан и не е вистински начин за изразување на незадоволството на академската младина.
„Излегувањето на улица не е решение. Треба да почекаме да се направи уште некој чекор за уништување на автономијата на универзитетот и ускратување на правата на студентите. Потоа студентите би можеле да протестираат, но подобро е да го направат тоа во себе“, изјави Спироски за Пара вести.
Тој објаснува дека како студент секогаш тивко протестирал, за да не предизвика попречување на образовниот процес и ги обвини организаторите од Студентски пленум дека нивните активности се политички мотивирани.
„За разлика од демонстрантите кои се исполитизирани, мојата соработка со власта е чисто професионална и студентска“, рече Спироски, нагласувајќи дека новите согледувања и ставови околу есктерното тестирање ќе ги соопшти по дополнителните консултации со Министерството за образование и наука.