Ебодроми: Секс во јавниот простор

20.11.2014 14:42
Ебодроми: Секс во јавниот простор

„Во градот секогаш некој е буден“, гласи една од изговорените реченици во филмот на Алан Рене „Хирошима, љубов моја“. На тоа можеме да го придодадеме и фактот дека во градот некој секогаш води љубов, и тоа не нужно меѓу четири ѕида. Имено, просторот на градот секогаш бил и простор за манифестација на сексуалното, било да станува збор за несвесното или самиот сексуален чин кој може тогаш да се случи, и се случува, на најразлични отворени простори. Иако неочигледна, сексуалната активност во јавниот простор е составен дел од животот на градот. Како на други места, така и во загрепскиот случај одредени локации веќе со години, па и децении, се препознатливи токму по таквата употреба на просторот, а ги сведуваме под заедничкиот колоквијален назив „ебодроми“.

Причините за употреба на ебодромите можат да бидат различни: од недостиг на затворени простори на располагање на љубовниците, до фетишизам во кој сексуалната стимулација делумно произлегува и од местото.

Некои карактеристики на таквите простори се заеднички за сите ебодроми, од тоа што најчесто станува збор за локации кои се помалку фреквентни, а тоа значи и помалку очигледни, но истовремено лесно достапни со автомобили, односно се наоѓаат подалеку од камерите за надзор и јавното осветлување, бидејќи ебодромите во голема мера функционираат навечер, кога мракот обезбедува дополнителна приватност.

Додека покрај предусловот за некаква приватност обележја на ебодром може да има практично кое било место во градот или многу од неговите периферни подрачја, некои од нив се сепак најпознати: на пример, делови од Јарун, Максимир, Дотршќина, Грмошчица, савскиот насип, просторот до зградата на ИНА во Нов Загреб и воопшто разните паркинзи како оној покрај Крематориумот или ПМВ, потоа Савска Опатовина, Зелената магистрала и секако Медведница, од каде Загреб гледан навечер поприма и филмски димензии. Во последниот случај она што е помалку истакнато е спорадичната живост на патот кај Сљеме гледан од градот, кога во мракот и пространството на шумата светлата од автомобилите повремено се појавуваат и потоа исчезнуваат во мигот кога ќе се пронајде соодветно место. Ебодромот кај Сљеме е еден од најфреквентните, па особено за викенд не е едноставно да се пронајде слободно место од бројните паркирани автомобили во маркот на одамна воспоставените „постојки“ за таа работа.

Класичните ебодроми обично се врзани со автомобилите, но секако, постојат и такви кои не се, но тука донекаде се менува и терминологијата. На пример, т.н. „Штајги“, кои функционираат во геј супкултурата, се наоѓаат во некои од градските паркови кои нудат скришен амбиент, а најпознати се, на пример, во Ботаничката градина, Јарун и Максимир, или некогаш на Штросмаеровиот плоштад, што главно исчезна поради уредувањето на просторот и, пред сè, осветлувањето. И на некои други локации во градот со уредувањето на запуштените простори главно исчезнаа и сексуалните практики, на пример од Бундек или ливадите, некогаш со густо обраснати со грмушки, зад автобуската станица. Тамошните тајни активности потоа се селат на некои нови локации. Случајот на Бундек и блискиот парк Вјекослав Маер е интересен и поради тоа што тие јавни паркови во целост се лишени од секакви грмушки. Бундек врз основа на слабото пејзажно решение, но и размислувањето да се спречи токму сексуалната активност која беше каректеристична за локацијата додека беше запуштена, додека во паркот Маер грмушките се исечени исто така со образложение дека таму се собираат „первертити“. Доколку постоел, проблемот требало да се реши со полициски патроли, а не со поништување на пејзажното решение или во случајот на Бундек со неговото укинување уште во планирањето.

Во пристапот на феноменот на ебодромите и анализата на типологијата на просторот со таква употреба, може да се обрне внимание и на тоа на кој начин урбаните облици влијаат, го стимулираат, ограничуваат или нарушуваат потенцијалот на сексуалната активност во отворениот простор на градот. Додека инфраструктурата на класичниот ебодром главно е сочинета од мирно место каде можете да се паркирате, на други места пожелна содржина за градските љубовници е и комуналната опрема, како на пример клупата.

Самиот сексуален на јавно место формално е прекршок и се смета за нарушување на јавниот ред и мир, односно „навреда на моралните чувства на граѓаните“. Според Прекршочниот закон, „оној кој на јавно место сексуално општи со лице постаро од 15 години или на друг начин ја задоволува својата или туѓата похота пред такво лице ќе се казни со парична казна од три до пет илјади куни или казна затвор до 30 дена.“ Значи, праксата не е безопасна, но се чини дека во одредена мера се толерира, и тоа токму на некои од локациите кои се препознатливи како ебодроми, каде речиси по правило нема никакво нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи поголемиот дел од активностите се одвиваат во автомобил и во мрак, далеку од сите погледи. Но, иако органите на редот и мирот во некоја мера ја толерираат таа пракса, препорачливо е да се избегнуваат некои од локациите во градот, на пример, паркирањето во близина на објекти под надзор каде изгледите приватноста да биде нарушена од полициска патрола се големи. Пример за таква локација е улицата Врховец, од западната страна на комплексот на Канцеларијата на претседателот на Републиката.

Ебодромите од една страна се одраз на потребата, а од друга страна и начин на кој просторот спонтано се присвојува, па како социјална практика станува препознатлив и за оние кои нужно не го користат.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото