Студентите да не се задоволуваат со ситни успеси

21.11.2014 09:18
Студентите да не се задоволуваат со ситни успеси

Секоја чест за студентите за тоа што дигнаа глас. Како поранешен студентски активист, сликите и впечатоците од Скопје скроз ме разнежнија, и ми влеаја надеж. Но, поучен од лекциите од минатото би сакал да повикам на трезвена дискусија и избегнување на заситување со ситни успеси. Како што стојат работите, во моментов зборуваме за протест на револтирани студенти против ненајавен испит. Тоа е добар прв чекор, но може да има вредност само ако послужи како залет за поголеми потфати (па дури и да не биде укинато екстерното тестирање). Се надевам дека наскоро ќе проработи идеализмот и свеста дека корените на овој проблем се системски, дека ова е само уште еден симптом на сеопфатна социо-економска болештина. Притоа, добро е да се најде инспирација и да се соработува со посозреани, поискусни студентски движења од регионот.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски