Паметник на паднатиот ум

21.11.2014 11:10
Паметник на паднатиот ум

Ѝ нема крај на инвентивноста на власта кога е во прашање градителството. Дека тоа што таа може да го осмисли и да го оствари ги надминува границите на нормалното, доказ е намерата да изгради грандиозен споменик, и тоа на плоштадот во Скопје! Токму сега кога сите мислеа „што е многу, многу е“, кога и обожавателите на владата се жалеа дека на плоштадот веќе нема ни патека по која живите, простосмртни минувачи можат слободно да се протнат низ шумата неподвижни бронзени и мермерни херои, таа откри дека сѐ уште таму има сосема доволно простор. И, за да не зјае празен и да потсетува на времињата од пред преродбата, реши да изгради нешто што сите мислеа дека никогаш ќе го нема: споменик на кој воинот на коњ ќе му биде до колена!

Се разбира, работата на Владата е толку транспарентна што сега сите се прашуваат дали станува збор за споменикот на Мајка Тереза, што планираше да го гради и да го плати нејзиниот познајник и близок пријател на премиерот Груевски и министерот Ставрески, или за проектот на скулпторката на „Скопје 2014“ Валентина Стевановска (наводно и таа се нашла во такво незнаење) за истата личност или се работи на нешто сосема трето. Но, тоа се технички детали, кои ќе се дознаат, кога-тогаш. Најважно е дека со овој проект на најдобар начин се демонстрира колку бил лажен, наивен, впечатокот дека спласнува владиниот ентузијазам за градење, барем кога се во прашање споменици на централниот плоштад, и дека навистина веќе нема смисла и понатаму да се арчат народни пари (без разлика што ги имаме ко плева) за вакви будалштини.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото