Розово

22.11.14 13:59

Пру Стент е 20-годишна студентка по фотографија од Мелбурн. Тематското средиште на нејзините фотографии е женскоста и идентитетската борба и колебање кај жената. Розовата боја е искористена како репрезент на женскоста, и физички и емоционално.

Во серијата „Розово“ Стент ја истражува и женската убавина. Таа го користи елементот на бојата за да постави прашања во врска со општествените стандарди за убавина; градите, задникот и усните се преплавени со розова боја за да илустрираат дека овие „продукти“ се женска сопственост. Нејзините фотографии се полни со бизарност, но и сугестивност и живост.

Извор: www.pruestent.com

ОкоБоли главаВицФото