Вудсток мода

24.11.14 02:25

Тешко дека постои тема во алтернативната култура на младите од XX век која предизвикала толку полемики и спротивни ставови како што е Вудсток. За некои, Вудсок беше и остана пресвртница во човечкиот развој, за други крај на ерата на наивност, а за некои едноставно незаборавна журка.

Што и да е, фестивалот Вудсток дефинитивно e првото масовно собирање на еден музички настан, кој го трасираше патот кон бројните слични хепенинзи кои го одбележаа крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години.

Една од темите која се провлекува низ дискусиите за и околу Вудсток е и модниот стил на некогашните „вудстоковци“, кој е повеќе од само начин на облекување. Во оваа прилика, наместо дискусија, нудиме мал фото-каталог на луѓето од Вудсток генерацијата, кои ја користеле својата облека за изразување одреден став.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото