Илустрации на Душан Калај за „Алиса во земјата на чудата“

26.11.2014 12:06
Илустрации на Душан Калај за „Алиса во земјата на чудата“

Досега на Окно во повеќе наврати претставивме илустрации за славната книга на Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“. Видовме како оваа приказна ликовно ја збогатија Марџори Тори, Дагмар Беркова и Салвадор Дали. Во оваа прилика, ги претставуваме илустрациите на словачкиот сликар и илустратор Душан Калај за „Алиса во земјата на чудата“.

Калај е роден 1948 година во Братислава. Дипломирал на Школата за применети уметности во неговиот роден град. Илустрирал десетици книги за деца, но најпознат е токму по илустрациите за „Алиса во земјата на чудата“ (1991) кои ги претставуваме. За неговиот богат илустраторски опус на книги за деца ја добива престижната награда Ханс Кристијан Андерсен.

Извор: www.fairyroom.ru

Слични содржини

Уметност

ОкоБоли главаВицФото