Читаме: луѓето ко книги, зградите ко луѓе

26.11.2014 11:19
Читаме: луѓето ко книги, зградите ко луѓе

Од четврток до сабота ќе се одржи тридневен настан под наслов „Читаме: луѓето ко книги, зградите ко луѓе“ во чиј фокус ќе биде ставен на објектот на Градскиот трговски центар како загрозена архитектура под барокната опсада. Настанот е заокружување на подолготрајниот проект „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“ на кураторите Ивана Васева и Филип Јовановски.

Во овие три дена ќе се презентираат на истражувачки проекти од земјава, Хрватска и од Србија, ќе се одржи дискусија околу важноста на неформалното образование и новите форми на самоедукација, а ќе заврши со централниот настан во сабота преку кој ќе се акцентира важноста на зградата Градскиот трговски центар во Скопје.

Тридневната програма почнува во четврток во галеријата Агенција за сериозни интереси (СИА) каде под насловот „Обид за бегство од малцинството“ ќе се претстават: Кустоска платформа (Загреб), Ивана Мештров, Ана Ковачиќ, потоа групата А-бе-ес од Загреб, Ријека, Крк, Учителот Незнајко и неговите комитети од Белград, како и отворената архива на Даниел Серафимовски од Скопје.

Во петок следува разговор за Кустоска платформа од Загреб, а во 18 часот во клуб ГЕМ ќе се одржи дискусија на тема „Читаме: луѓето како книги“ во која ќе учествуваат Владимир Милчин, Бранимир Стојановиќ, Искра Гешоска, Жарко Трајановски и организаторите. Како што велат тие дискусијата ќе има за цел да ја разобличи политичката моќ на знаењето.

„Оваа дискусија тргнува од идејата дека доминантната политичка структура преку своите „капитални проекти“ на преведување и дистрибуирање „врвна“ литература манифестира силни позиции на моќ и полесна контрола врз младите генерации отколку стручно, систематско и стратегиско вложување во образованието и знаењето како и запознавање со општествените проблеми, нивно анализирање и критичко промислување кое треба да доведе до промени во општеството“, пишува во програмата.

Во сабота ќе следи клучниот настан кој ќе се одржи под насловот „Читаме згради: ГТЦ како книга“. Во Младински културен центар со почеток во 12 часот ќе се одржи читачка група која ќе се обиде да го протолкува значењето и вредноста на овој објект наредната година треба да се барокизира. Истовремено ќе се продуцира нова книга „111 тези за ГТЦ“ која ќе ги опфати јавните мислења и читања зво 11 тези од 10 значајни мислители на современатата архитектонска сцена во земјава.

„Читајќи ја оваа зграда јавно, ќе се обидеме одново да го потенцираме, преиспитаме и заштитиме нејзиното несомнено културолошко, општествено и уметничко значење во еден широк историски период, којшто во последните години има за цел да се избрише, буквално, физички од македонската култура, со негово речиси варварско покривање со „барокна“ фасада. Читањето на ГТЦ како книга, е обид за оживување на неговата, пред сé, општествена вредност“, велат кураторите.

Деталната програма можете да ја погледнете овде.

Слични содржини

Е-библиотека
Активизам / Јавни Простори / Настан
Јавни Простори / Култура

ОкоБоли главаВицФото