Барокен ќенеф кој го засмејува цел нормален свет

27.11.2014 11:35
Барокен ќенеф кој го засмејува цел нормален свет

„Кучињата“ лаат, идиЈотиве си „остваруваат“ - вака некако гласи модифицирано народната поговорка. Народот може и да се противи, но она што го намислил нашиот „генијален“ пастир мора да се спроведе во дело!

Налудничавото нагрдување на Скопје продолжува! Турбофолк барокот ќе се залепи и на ГТЦ, веројатно и на кулите крај ГТЦ, на Градска болница... потоа може да продолжи и накај Аеродром и Карпош. Зошто па да не?! Во Аеродром и онака има премногу „празен“ простор обраснат со зеленило и со дрвја, а ниту една барокна зграда! Новата железничка станица во Скопје (а зошто не и оние старите во другите градови?), Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Универзитетот… сите би можеле да се накитат со новокомонираниов барок! Може да се продолжи и накај Бит-пазар, па да се „стокмат“ Сули ан, Капан ан, Јахја пашина џамија, Даут пашиниот амам… Соборниот храм. Црквите низ Скопје да се претворат налик на Нотр Дам, или како Келнската катедрала „Св.Петар и уште посвета Марија“. Црквите во готика, а џамиите во рококо… Па, па, пааа…ш’о убав ќе ни биде градов!

Џабе е секаков обид за спас на ГТЦ од барокниот измет! На новокомпонираниве турбофолклорни „дами“ и „господа“, невозможно е да им објасните дека уништувањето на современото значи сечење на гранката на која седиме. На елитните малограѓани невозможно е да им објасните дека менувањето на фасадата на едно архитектонско дело е во спротивност со Законот за заштита на авторски права. Таму постојат неколку контрадикторни ставки меѓу кои и „Заштита при уништување на оригинални дела“, нешто што е незамисливо во нормални земји. Покрај другото, постои и обврска доколку сопственикот има намера да го преработи делото, преработката „првенствено да му ја понуди на авторот“, но му се остава и недефинирана можност „доколку сопственикот има намера да го уништи“ да му понуди откуп на авторот „во вредност на материјалот“!(?) Кои ли „интелигентни“ суштества го смислија ова?! Идејата за заштита на Трговски е одлична, но од спротивната страна стои топузот, а не умот, па тој не е расположен да слуша, туку само – да уништува.

Фасадата на ГТЦ одеднаш не била во надлежност на Коце Коцкица?! Никој не знае кој ги поставува глупите споменици низ градов, никој не знае кој поставува турбо-фолк барокни фасади, никој не знае кој дарува државна земја на хохштаплери од типот Субрата-Кондоминас. Па добро, бе, портокалова оранжијадо... овој стиропор-барок стил ваш е, или е на Ацета македонски? Кој ми го нагрди градов? Кој го направи Циркусов 2014? Бwанко да не ни го гwади и него? Устваwи тој ништо не изгwади, вие баwем нешто гwадите, макар тоа било и барокен ќенеф кој го засмејува цел нормален свет. Битно е дека нешто гwадите... што и како, воопшто не е битно – изгледа шашаво, ама Гwујо веќе не го боли гwбот... увото, уште помалку!

Извор: ajvandoktor.blogspot.com

ОкоБоли главаВицФото