Поп парички

28.11.14 17:45

Со малку пари и уште помалку боја, уметникот Андре Леви си обезбедува простор за својот креативен израз преку кој ја трансформира традиционалната подлога на монетите во поп уметнички дела.

Поставувајќи ги ликовите од цртаните филмови и суперхероите врз подлога која е со закостенето значење и доволно важна за да се најде на монета, Леви како да ни сугерира дека нештата се смениле и на хумористичен начин покажува дека и ликовите од поп културата „тежат“ подеднакво колку и пораката „веруваме во бога“ од американскиот долар.

Извор: instagram.com/zhion

ОкоБоли главаВицФото