Сеќавањето помага да се гради

01.12.2014 02:19
Сеќавањето помага да се гради

Денес, како што би рекле „Забрањено пушење“, е Ден на Републиката. Југославија. И, што и да речат овие новите, „поотмените“, денес е роденден на земјата која повеќе беше res-публика отколку која било од овие стармлади државички. Не архаична нација. Не древна граница. Не до даска држава на богатите.

Денес е Денот на Републиката, велам, и мислам како некогаш таа мисла беше дел од секојдневната нормалност, односно - ништо посебно. А денес, денес... допира. Да, да, ве слушам во зборовите на една стара песна од „Парни Ваљак“:

„Заборави,
Кога можат другите,
Можеш и ти!“
Јас не знам,
Јас не знам,
Јас не знам...

Кажи што
Да се прави
Кога паметам и подобри времиња?
Кажи што да се прави
Кога паметам и подобри времиња?

Можеби ова. Да се сетиме и да се сеќаваме. Навистина е можно да се има бесплатно образование и бесплатно здравство, солидарни станови и станарски права, сигурни пензии, платени годишни одмори и тринаесетта плата, синдикални одморалишта и зимница, помали социјални разлики, поправедна распределба на богатството, јасни и гласни права на работниците... Можно е. Сеќавањето помага да се гради. Па, што и како да се гради? Кореографијата прво бара срцето да се подигне малку погоре од петиците, па да се пронајдат сопствените крила. И, потоа, со раширени крила, ќе почнеме да дишеме. Дали тоа сè уште е претешка кореографија?

Извор: e-novine, 29.11.2014.

ОкоБоли главаВицФото