„Пријавен на завод“ станува официјално занимање

01.12.2014 16:12
„Пријавен на завод“ станува официјално занимање

Скопје, 1 декември 2014

Звањето „Пријавен на завод“ од следната година ќе биде признаено како официјално занимање, поради што се очекуваат големи промени кога станува збор за стручната подготовка на граѓаните.

Сите кои во Агенцијата за вработување се пријавени подолго од две години ќе добијат одреден степен на стручна подготовка во зависност од должината на стажот на евиденција.

„Доколку сте поминале на Завод до пет години, ќе ви биде признаен трет степен на стручна подготовка. Ако пак не сте работеле повеќе од десет години во својата струка, ќе добиете шести степен, а 15 години на евиденција ви гарантираат висока стручна подготовка односно седми степен“, велат од Агенцијата за вработување.

Државата очекува по оваа мерка драстично да се зголеми бројот на образовани граѓани, а воедно и да се намали бројот на невработени, со оглед на тоа дека службата има намера да вработи одреден број граѓани.

„Уште не го знаеме точниот број, но оние кои ќе бидат вработени ќе извршуваат разни општествено корисни рабти, во завсиност од стручната подготовка“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Извор: www.njuz.net