Сопственик на Југо од 1990 купил елкичка со мирис на ново Југо

02.12.2014 12:37
Сопственик на Југо од 1990 купил елкичка со мирис на ново Југо

Скопје, 2 декември 2014

Стефан Илиевски, сопственик на Југо старо 24 години, го продолжил векот на траење на својот автомобил со вложување во освежувач-елкичка со мирис на ново Југо.

Господинот Илиевски вели дека со оваа инвестиција му додал уште најмалку три-четири години живот на својот миленик.

„Југото сега мириска како ново. Мислам дека елката ќе помогне да се извлечат уште неколку илјади километри. Елката со мирис на ново Југо ќе ја замаскира расипаната ламела, анласерот, дефектот на предната осовина и чкрипењето на бришачите, како и недостигот на ретровизори“, вели сопственикот на Југото.

Стефан вели дека мирисот на новото Југо го вратил во малдоста, кога успеал да измоли пари од родителите за половно Југо.

„Се сеќавам дека кога првпат влегов во Југото мирисаше како ново, бидејќи претходниот сопственик штотуку ја беше закачил елката. Се надевав дека ќе успеам да му го вратам тој мирис кога ќе стане олд-тајмер, и еве, успеав“, вели Стефан и додава дека „како нов автомобил сепак е како нов автомобил и ниедно друго половно возило не може да се мери со него“.

Извор: www.njuz.net