Од цртеж до играчка

03.12.14 14:49

Уметницата Венди Цао која живее и работи во Ванкувер ги претвора детските цртежи во прекрасни, рачно изработени плишани играчки. Играчките кои ги нарекува „мекушки“ се базирани на детски цртежи и ја одразуваат детската креативност и имагинација. Сето она за кое децата сонуваат, од мачки обоени во боите на виножитото, до симпатични хибриди од прасе и лилјак, оживува преку уникатната рачна работа на Цао, која им дава на децата симпатични „другарчиња“ што ќе сакаат да ги чуваат цел живот.

Првата играчка Цао ја направила во 2007 година според цртеж на нејзиниот 4-годишен син. „Ја обожавам играчката, затоа што тоа беше неговиот прв напор да го осмисли овој свет“, вели Венди. Оттогаш, таа изработува играчки според цртежи на деца од целиот свет, а годишно успева да направи околу 120 уникатни парчиња.

Извор: www.childsown.com

ОкоБоли главаВицФото