Навивачи и пушачи

04.12.2014 11:37
Навивачи и пушачи

Отсекогаш ми се гадело од фудбалот. Полна со предрасуди за сите кои луди по фудбал, вклучувајќи го и сопствениот маж, ги сметав за кретени оние со кои може нормално да се разговара во недела ако важниот натпревар се игра во среда. И обратно. А што да се каже за пациентите кои рушат сè пред себе кога од автобус ќе се симнат во градот каде по топката трчаат нивните?

Потоа се случи ова со Хајдук. Секако, не ми е јасно баш сè, ама го сфатив битното. Хајдук одби да игра со Динамо и тоа ги крена Нив на нозе. Мамиќ, сопственикот на Хрватска, првпат подиве до таа мера што во Дневникот не го стави на кур дури ни претседателот на држвата.

Нешто се случува во државата Хрватска? Некој пружил отпор на Убавата Нивна? Па се случи Ривиерата. Сплиќани и сплиќанки, старо и младо, дојдоа на легендарната Ривиера и цивилизирано го кренаа гласот за протест против насилството на Државата над народот.

Да не се заебаваме. Мамиќ не би ги ставал на курот со години сите граѓани и граѓанки на Хрватска без благослов од Државата. Никој до денес не се осмели сериозно да го вознемири Кумот затоа што сите хрватски институции на системот му ја бакнуваат раката.

Потоа, денес отворено писмо до „институциите“ испрати Армада. Риечките навивачи пристојно прашуваат зошто на некои навивачи им се забранува да гледаат натпревар од трибините, иако се многу помали грешници од повеќекратно благо осудениот и многукратно тужен Шеф.

Фамилијата нема да им одговори на риечани, ја заболе за глупавите навивачи, ама... Ама мене ми заигра срцето. Во оваа земја, алелуја, алелуја, АЛЕЛУЈА, сепак постои група луѓе која не сака да ја ставаат на курот Мамиќ и неговите пушачи.

Неколку илјади граѓани на Сплит ни порачуваат дека ноќната мора можеби не мора да биде наша судбина. Кога би излегле на Ривиерата поради банките, лошите министри крадци, премиерот кој проповеда виткост и гладување, а самиот за четири години начука дваесет кила, криминалците во Владата и надвор од Владата, судовите на кои им требаат педесет години да донесат пресуда освен ако не станува збор за навивач или клинец кој продавал два грама марихуана...

Кога цела Хрватска би станала Ривиера, оваа земја би била подобро место. Тие се плашат од нас. Знаат дека нè има повеќе и дека никаков солзавец кај Хрватите и Хрватките не може да предизвика толку солзи колку животот кој го живееме. Навивачите ни покажаа како треба да се бориме против моќта. Одбивањето да се игра како што тоа го направи Хајдук може да се примени и пошироко. Да се одбие плаќањето на лихварските кредити. Да се одбие плаќањето на привилегиите на министрите и премиерот. Да се одбие слушањето на глупостите на претседателските кандидати и кандидатки. Да се одбие слушањето на жената на премиерот која на гладните деца им препорачува потенки кришки леб. Да се одбие плаќањето на огромните даноци. Да се одбие плаќањето милијарди на крвопијците во мантии.

Да се одбие. Да се одбие. Да се одбие. Животот ни е препелкање на курот на Мамиќ и неговите. Што ќе изгубиме ако ОДБИЕМЕ?

Извор: www.rudan.info

ОкоБоли главаВицФото