1012 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Пон, 10.11.2025 19:59

На денешен ден 1975 година почина Хана Арент, филозоф и една од водечките личности во областа на политичката теорија во XX век. Нејзините книги се неизбежна литература за секој што сака посериозно да се занимава со феноменот на тоталитаризмот. Арент е лаурет на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Лесинговата награда во 1959 и наградата „Сигмунд Фројд“ 1967. Во 1993 година во градот Дрезден е основан Институтот Хана Арент за проучување на тоталитаризмот.
По повод 39-годишнината од нејзината смрт, објавуваме едно постаро интервју на Арент со Гинтер Гаус. Во едночасовниот разговор од 1964 година, просто блеска неверојатниот дух и интелект на Хана Арент.
Транскрипт од разговорот на Арент и Гаус од 28 октомври 1964 година на германски јазик може да се прочита на овој линк.