1012 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 19.04.2024 05:59
Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигна 21 прозен ракопис од 20 авторки и автори.
За десетина дена ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември.
Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.
1. Маја Арминовска - Во центарот на мојата душа
2. Љупчо Наумоски - Сонот од мајската ноќ
3. Наталија Трајковска - Таа
4. Елена Конеска - Еднаш одигравме љубов
5. Филијак Љ. Тропски - Репер
6. Милко Бојковски - Загубениот Париз
7. Горан Петровски - Играта на црните
8. Јордан Николов - Живот за растворање
9. Љупчо Петрески - Лазарка
10. Марија Христова - Раскази во чекање
11. Иво Петровски - 63 приказни општо за животот
12. Калихана - Живот на штица
13. Драгица Јорданоска - Пуста желба
14. Михајло Свидерски - Бело и црвено
15. Елизабета Краљевски - Балкански погреб или драматични приказни
16. Игор Котески - Ирелија
17. Воислав Пехчевски - Соносказија
18. Ангелина Костова - Светилки од јуродивницата
19. Филип Илиески - Бајат отров
20. Далибор Ивановиќ - Келнерот
21. Далибор Ивановиќ - Тарантино
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.
Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон, Дејан Мирчески и Драган Георгиевски.